период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Актуелно
Датум: 20.03.2017, 17:57

ОСНОВНО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО

Оливер Спасовски не се јави на распит кај обвинителот

Генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски вчера не се појави на распит во Основното јавно обвинителство (ОЈО), поради тоа што не добил покана. Од обвинителството потврдија дека Спасовски уредно бил поканет за вчера во 12 часот да се јави на распит поради сомненија за лажирање на финансиските извештаи и начинот на финансирањето на партијата.

Од ОЈО на 13 февруари соопштија дека е оформен предмет против едно лице – организатор на изборна кампања и други лица, како и против едно правно лице за сторено кривично дело злоупотреба на средства за финансирање на изборна кампања од член 165-а од Kривичниот законик.

Делата за кои е отворена постапката се во врска со употреба на недозволиви средства за изборна кампања и давање лажни податоци во финансиските извештаи.

Во постапката се преземени претходни дејства, побарана е и прибавена материјална документација, релевантни писмени докази, а во Основното јавно обвинителство - Скопје се сослушани повеќе од 70 лица сведоци.

Во петокот во ОЈО на распит беше и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој изјави дека ќе се докаже невиноста, а за утре адвокатот и Заев најавија дека ќе направат увид во доказите.

#



Останати вести
МВР расчистува како бил удрен „мерцедесот“ на реисот Реџепи во куќниот двор
Недоносеноста алармантно jа зголеми смртноста кај бебињата
Вината за смртта на детето е кај сопственикот и кај тие што размножуваат кучиња без контрола

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести