период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Датум: 26.12.2016, 12:35

ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ

Продолжениот режим на хормонална контрацепција го одложува месечното крвавење

Неменструална, непмс-контрацепсиска пилула, се некои од имињата на новиот режим на примена на оралната хормонска контрацепција (OHK), т.е. пролонгирана контрацепција.

Со оваа орална хормонска контрацепција се одложува месечното крвавење.

Комбинираната орална хормонска контрацепција (OHK) или популарно пилула е име за метод на контрацепција која содржи комбинација од синтетички стероидни хормони естроген и прогестоген. Разликите меѓу пилулите се во видот и дозата на естроген, видот на гестаген и начинот на користење модели - режимот на примена.

Контрацептивен ефект повисок од 99 отсто

Пилулата спречува овулација и спречува забременување. Освен во контрацепциски цели, се користи и за лекување, превенција на болести и зачувување на плодноста. Пилулата има и контрацептивен ефект, но исто така и неконтрацептивни придобивки. Со идеална употреба оваа контрацепција има контрацептивен ефект повисок од 99 отсто.

Оралната хормонална контрацепција е најчестиот реверзибилен метод на контрацепција кој го користат речиси 120 милиони жени.

Традиционалните орални хормонски таблети се дизајнирани да го имитираат природниот менструален циклус. Класичната кутија пилули содржи 28 таблети, но само 21 таблета е активна и содржи активни хормони кои ја потиснуваат плодноста.

Другите седум таблети се неактивни или плацебо-таблети. За време на плацебо-таблетата или во 7-дневната пауза по користењето, доаѓа месечното крвавење. Крвавењето што се јавува во неделата на неактивни пилули е неуспешно крвавење, оскудно е, трае пократко и само изгледа како месечен циклус. Ова е одговор на организмот на престанокот на земање хормони. Таквата контрацепција се нарекува месечна или традиционална контрацепција.

Крвавењето што се случува за време на неактивните пилули не е исто како и редовните месечни крвавења.

Со употреба на традиционалната или месечната орална хормонска контрацепција во неделата на неактивни таблети се јавуваат несакани ефекти и субјективни симптоми кај речиси 30 отсто од жените. Тие субјективни симптоми, како што се главоболка, гадење, промени во расположението, ПМС, болка во градите, неправилности на крвавењето и задршка на течности, го намалуваат квалитетот на животот.

Денес од модерните контрацептиви се очекува не само да имаат висока ефикасност во поглед на заштита од несакана бременост, туку и добра контрола на менструалниот циклус, намалување на болната менструација, намалување на симптомите поврзани со вишокот андрогени - акни, себореја, зголемена влакнавост и вкупно подобрување на квалитетот на животот со минимални ризици.

Не смееме да заборавиме дека секоја жена е уникатна и сето наведено може да се постигне со избирање индивидуална терапија.

Во поново време дизајнирани се нови режими на примена на оралната контрацепција: се скратува периодот во кој се користат неактивни таблети на 4 или 2 дена и е направен продолжен режим во кој активните таблети се користат повеќе од 28 дена, обично 84 + 7 дена. Со продолжениот режим жената има само 4 крвавења во годината.

Континуиран режим

Кога активните таблети што содржат хормони се користат 365 дена на таков режим, примената се нарекува континуиран режим и со него жената крвави еднаш годишно.

Единствениот контрацептив наменет за продолжена контрацепција, кој е регистриран во Европа, се состои од 84 таблети со 30 mcg ЕЕ (етинил естрадиол) и 150 mcg LNG (levonoregestrela) по кои следуваат 7 таблети со пониска доза од 10 mcg ЕЕ. Корисниците на контрацептивните таблети ги земаат секој ден 12 недели, а потоа уште 7 дена таблети со намалена доза естроген и крвават само 4 пати во годината наместо очекуваните 13 месечни циклуси!

Задоволството на жените со оваа метода е иста како и на корисниците на традиционалниот режим, а контрацепциската ефикасност е повисока отколку кај стандардните методи. Користењето продолжен и континуиран режим има значително помалку главоболка, замор, подуеност и менструални болки во однос на традиционалниот режим на примена.

По прекинот на продолжената контрацепција, овулациските циклуси се воспоставуваат многу брзо, па повеќето жени имаат период на враќање на месечните циклуси или бременост во рок од 90 дена од престанокот на користење. Сигурноста на ендометриумот е докажана и на ниедна жена корисник не ~ е пронајдена ендометријална хиперплазија или карцином.

Предности на одложувањето

Дали е природно и безбедно да се избегнува месечното крвавење?

Во првите денови на примена на продолжениот режим на орална хормонска контрацепција жените биле загрижени за ризиците за здравјето поради прекин или одложување на менструацијата.

Единствената улога на менструацијата од биолошка гледна точка е доказ дека жената не забременила во претходниот циклус и ја подготвува слузницата на матката за следниот циклус, во кој можеби ќе дојде до бременост. Слузницата на матката е под влијание на естрогенот и прогестеронот од јајчниците. Со употреба на орална хормонска контрацепција се спречува формирањето на овие хормони во јајчниците, па слузницата на матката е под силно влијание на естрогенот и прогестеронот од пилулата. Денес се знае дека не постојат медицински причини за да се ограничи примената на активните таблети. Единствената предност на редовната менструација е кај жените со хемохроматоза, кои при менструацијата го губат вишокот железо.

Кои се предностите на одлагање на менструацијата?

Одложувањето на вашиот период може да помогне во спречување или лекување разни заболувања.

Можете да размислите да земате продолжена контрацепција ако имате:

*непријатност, тешкотии или алергии предизвикани од употребата на влошки или тампони;

*обилни, продолжени или чести крвавења, што резултира со анемија и тромбоцитопенија;

*болна менструација - дисменореја;

*состојби поврзани со ендометриоза, аденом, фиброиди;

*ако страдате од менструална мигрена, епилепсија;

*болки во градите, надуеност, промени на расположението во предменструалниот период - ПМС;

*главоболка или други субјективни симптоми;

*ако користите месечен режим на пилули, а во неделата кога земате неактивни пилули имате субјективни симптоми на нетолеранција или несакани ефекти.

Месечното крвавење понекогаш е само незгодно. Можеби ќе сакате да го одложите периодот поради посебна пригода, важен испит, спортски натпревар, годишен одмор или слично. Освен медицински индикации, во последно време како индикација за препишување подолга контрацепција е желбата на пациентите за помал број менструации.

Примената на продолжениот режим на хормонална контрацепција е безбеден и ефикасен начин да се спречи појавата на непланирана бременост. За да започнете со овој тип хормонална контрацепција, разговарајте со вашиот лекар или гинеколог. Тие ќе ви помогнат во изборот на производи што ќе ги задоволат вашите индивидуални потреби.

(Е.Т.Е.)

#



Останати вести
Неколку знаци дека страдате од празничен стрес
Супите и медот - здрава увертира на зимското мени
Масло од кучешки трн - сојузник на вашето здравје и убавина
Масла и маски го намалуваат целулитот
Ублажете ги симптомите со кромид, жолчка и банани
Босилек за здраво срце

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести