период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Култура
Датум: 11.01.2017, 17:54

Струшкиот музеј кани ученици на часови

Музејот „Доктор Никола Незлобински“ во Струга изработил посебна стратегија за да го зголеми бројот на посетите од ученици, кој во последно време се намалил.

- Изработивме платформа за да можат учениците, пред с`, од Струга да го посетуваат Музејот во текот на целата година. За симболична сума може да доаѓаат на часовите по биологија, историја, македонски јазик. Многубројни се можностите што ги нуди Музејот. Ние сме отворена институција и во овој дел планираме да ги привлечеме учениците и професорите од сите училишта низ државата со што би ја збогатиле нивната програма – вели во разговор за македонската информативна агенција директорот на музејот Милован Шутиноски.

Директорот нагласува дека музејот успешно ја завршил минатата година, а покрај проектите поддржани со годишната програма за поддршка на проекти од национален интерес од областа на културата, која ја финансира Министерството за култура, музејот реализирал и други проекти, меѓу кои и промоција на поставките.За годинава, вели Шутиноски, музејот до Министерството за култура доставил амбициозна програма за работа.

- Понудивме амбициозна програма и чекаме кој дел ќе биде прифатен во Националната програма за 2017 година. Ние сме единствена институција што во своите поставки го промовира природното и културното наследство специфично за овој крај, особено природонаучната збирка што го карактеризира токму пределот околу Охридското Езеро - вели Шутиноски.

Минатата година музејот најчесто го посетувале ученици на екскурзија, но нивниот број во последно време се намалува. Но, с` почести се странските туристи, вели директорот, за кои музејот во соработка со туристички агенции подготвува програма за да ги привлече во поголем број.

- Заедно со туристичките агенции имаме изработено нацрт-програма, која ги содржи природните и културните вредности на Струга со кои ќе може да се запознаат туристите. Тука е црквата Свети Ѓорѓи и галеријата во неа, теќето, галеријата Kоџоман и други музејски објекти, а може да се надградува во интерес на туризмот и промоцијата на културните вредности на Струга - вели Шутиноски.

#



Останати вести
Изложба на цртежи на уметници-бегалци од Сирија
Филмот „Ослободување на Скопје“ прикажан на фестивалот во Палм Спрингс
„Македонија во странскиот печат“ - ново издание на Државниот архив на РМ
Најмладите археолози ќе ископуваат артефакти во детското катче

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести