период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Актуелно
Датум: 11.01.2017, 17:52

ЕЛЕМ ЗА СНАБДУВАЊЕТО СО ЕЛЕKТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

Исклучениот далновод од Грција нема да ја остави Македонија без струја

Снабдувањето со електрична енергија за тарифните потрошувачи - домаќинствата и помалите компании, на регулираниот пазар за електрична енергија се одвива редовно и во согласност со потребите. Во изминатите 24 часа целосно е одговорено на потребите на потрошувачката со оптимизација на домашните производни капацитети и преку набавка на електрична енергија во часовните периоди од денот кога се бележи најголема потрошувачка, информира „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ).

Од компанијата посочуваат дека завчера е регистрирана над 30 проценти поголема потрошувачка од вообичаената во овој период од годината, а измерената температура за тој период била 15 степени пониска во однос на просекот за последните пет години.

- Сите расположливи капацитети за производство на ЕЛЕМ се ставени во погон, а дел од количините преку редовна постапка за набавка на електрична енергија е обезбеден на слободниот пазар во согласност со постојните правила и процедури усвоени од Регулаторната комисија за енергетика. И понатаму внимателно се следи потрошувачката на електрична енергија и се приспособува производството од домашните капацитети во согласност со потребите на потрошувачите на регулираниот пазар - соопшти ЕЛЕМ.

Оттаму нагласуваат дека временските услови од кои се погодени земјите од југоисточна и централна Европа, зголемената побарувачка и потрошувачка, како и застојот на повеќе термоенергетски и нуклеарни капацитети во регионот и во земјите од централна Европа, директно влијаат и на цените на електричната енергија.

Завчера Република Грција воведе забрана за физички трансакции и го исклучи далноводот кон Македонија, односно не дозволи транзит на енергија. Истовремено, и соседна Бугарија ги разгледувала опциите за затворање на сопствената интерконекција кон соседните земји, посочуваат од компанијата.

Повторуваат дека набавката на електрична енергија што се врши во овој период нема да влијае врз цената на електричната енергија за домаќинствата и за малото стопанство кои се на регулираниот пазар за електрична енергија затоа што негативните финансиски импликации во целост се нивелирани со додадената вредност од продажбата на вишоци на електрична енергија што беше реализирана во ноември и декември, како и од вишоците што компанијата ќе ги реализира во наредниот период.

#



Останати вести
На македонските аеродроми лани минале 1,8 милион патници
Сибирската зима ги окова чамците во Дојранското Езеро
Сонував среќен животот со семејството
Од утре затоплување, нема нов поларен бран до крајот на месецот

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести