период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Хроника
Датум: 20.03.2017, 16:25

Двајца тетовци прободени со нож

Двајца тетовци со нож проболе двајца сограѓани, вчера ноќта во меѓусебна тепачка во Тетово, информираа од МВР. Според полицијата, во тепачката тешко бил повреден И.K. (26), кому му биле нанесени неколку убоди во вратот и грбот, а И.K. (30) бил прободен со нож во десната рака и вратот. Двајцата повредени со возило на Итната помош биле однесени во тетовската клиничка болница. Поради сериозноста на повредите, И.K. бил префрлен во скопскиот клинички центар „Мајка Тереза“.

Kрвавиот инцидент се случил половина час по полноќ на улицата Браќа Миладинови, односно Благоја Тоска во Тетово. Полицијата ги уапсила сторителите. Станува збор за М.М.(34) и неговиот брат Р.М.(32) од Тетово.

- Полицијата изврши комплетен увид, при што биле пронајдени и подигнати траги за вештачење, како и еден нож на расклопување. Се преземаат активности за целосно расчистување на случајот, по што против напаѓачите ќе биде поднесена пријава - изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

 

#



Останати вести
Фатен крадец што ограбил менувачница во Гостивар
Разбојници претепале маж во куќа во Бутел
„Молотов коктел“ фрлен во кафуле во Тетово
Гледале фудбал, па украле 5.000 евра од обложувачницата
Загина тракторист во Kумановско

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести