период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Економија
Датум: 18.05.2017, 16:15

ТРЕТ ЦИKЛУС СРЕДБИ

Над 60 компании бараат работници на Саемот за вработување

Во текот на наредниот месец во Скопје се одржува Саем за вработување, кој има за цел поврзување на понудата и побарувачката на работната сила. На Саемот се присутни над 60 компании. Покрај во Скопје, во текот на наредните триесетина дена ќе се реализираат уште шест вакви настани во неколку градови низ државата.

Министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими, кој се обрати на настанот, истакна дека за работодавците од приватниот сектор овие саеми за вработување претставуваат можност да ја презентираат својата дејност и слободните работни места, со што, како што рече, стануваат поатрактивни за вработување.

- Овој настан ќе ни овозможи сознанија за занимањата кои се барани од работодавците, со што младите луѓе ќе можат да се насочат во вистинска насока за нивно полесно вработување по завршување на образовниот процес. Работодавците имаат можност да ја презентираат својата дејност, производи, услуги и сите други аспекти од нивното работење, како и да остварат контакти со голем број невработени лица. Од друга страна, посетителите на Саемот имаат можност да се запознаат со условите што ги нудат работодавците за вработување, како и за нивно вклучување во програмите за практикантсво и обука. Исто така, постои можност да закажат интервју со работодавците, да остават своја работна биографија и да добијат информации за побарувањата на пазарот на труд - истакна Ибрахими.

Информира и дека во рамките на саемите за вработување се организираат и форуми со работодавци и инфо-средби со младите лица. Тој потсети дека саемите за вработување се една од мерките кои во континуитет се реализираат за да се поврзат понудата и побарувачката на работната сила. Потсети и на останатите мерки и активности во насока на намалување на невработеноста и зголемување на можностите за вработување на невработените лица, што, како што рече, резултирало со континуирано намалување на стапката на невработеност во Република Македонија од 36 проценти во 2006 година, на 23,7 проценти.

- Намалувањето на невработеноста, односно падот на стапката на невработеност укажува на позитивните ефекти од реализацијата на политиките за вработување, насочени кон отворање нови работни места, позитивните ефектите кои ги даваат новокреираните работни места од страна на странските инвеститори, но и креираните работни места од страна на домашните компании, како и зголемената соработка меѓу странските и домашните компании која дополнително ја поттикнува потребата од нова работна сила - рече министерот.

Ибрахими истакна дека во периодот 2007- 2016 година во активните програми и мерки за вработување што ги спроведува Владата и МТСП преку АВРМ учествувале повеќе од 102.000 невработени лица. Додаде дека особен акцент се става на вработувањето на младите лица, кои се дел и од проектите Македонија вработува 1 и 2.

Директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски, истакна дека ова е трет циклус на вакви саеми за вработување. Смета дека настани од ваков вид се многу корисни за младите да можат да се информирани кои видови на занимања се побарувани и така да го насочат своето образование или, пак, да побараат можност за да се доквалификуваат.

На досегашните саеми за вработување, како што информира, имало над 70 илјади посетители, биле доставени над 21 илјада работни биографии, a биле остварени и над 2.500 директни вработувања.

#



Останати вести
На хартија мед и млеко, во пракса економската програма зависи од многу фактори
На сметките на земјоделците легнаа 7,5 милиони евра субвенции
Британските отворени фондови патат од слаба ликвидност
ЕK ја казни „Фејсбук“ 110 милиони евра поради лажни информации
Најбогатите луѓе во светот загубија 35 милијарди долари за еден ден
„Турски тек“ и „Северен тек 2“ ќе ги испразнат гасоводите во Украина, Полска и во Бугарија

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
RAZOCARAN VMRO-VEC, 19.05.2017 05:03:16
OVAA E MOZNOST VLATKO KOJ NE LAZESE SITO OVIE GODINI DA SI SE PRKFALIFIKUVA VO KOVAC I DA SI SE ZAPOSLI VO NEKOJA FIRMA.
Најнови вести