период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Сцена
Датум: 10.01.2017, 14:52

KЛЕР ДЕЈНС УЖИВА ВО УЛОГАТА НА АГЕНТKА

Соработувам со вистински шпиони на ЦИА

Холивудската актерка Kлер Дејнс ужива во улогата на агентката Kери Метисон во серијата „Татковина“, но најмногу ~ се радува на седмицата што секоја година ја минува во канцелариите на ЦИА во Лангли, Вирџинија, каде што се дружи со вистински шпиони.

- Немате поим колку е лудо целото искуство. Избираат група луѓе што имаат добри приказни за нас: експерти за социјални мрежи, борба против тероризмот и трговија со дрога. Фасцинантно е. Тоа ми е омилениот дел од работата - признава таа.

Во интервју за магазинот „Мари Kлер“ 37-годишната ѕвезда истакнува дека ангажманот во „Татковина“, чија шеста сезона почнува на 15 јануари, е совршен за нејзината кариера.

- Секогаш се трудам да работам нешто што е надвор од мојата зона на удобност. „Татковина“ продолжува да ми претставува предизвик. Секоја сезона сценаристите наоѓаат нови начини да ме исплашат - вели Дејнс.

Актерката открива дека пред да ~ биде понудена улогата на Kери Метисон имала двегодишна пауза без никакви актерски ангажмани.

- Тој период ми беше кошмар, вистинска агонија. Бев полна со енергија, имав желба за работа и се чувствував способна за предизвици. Но, не можев да им се вратам на улогите од минатото и повторно да глумам наивна девојка или нечија секретарка. Барав улога што ќе ми помогне да напредувам. За среќа, се случи „Татковина“. Kери е толку смела, успешна и асоцијална, целосно е спротивна од мене. Бев нервозна. Си помислив: „Ова ќе биде напорно, дали ќе можам да го издржам тоа?“ - раскажува таа.

#



Останати вести
„Рушевини“ е моја лична приказна
Скопското трио „Планктонс“ на 27 јануари во МKЦ
„Ла, ла, ленд“ ја води трката со 11 номинации, „Пристигнување“ му е зад петици со 9
Ќе ја потсетам публиката на заборавените македонски песни

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести