период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Хроника
Датум: 16.02.2017, 16:42

мистериозна смрт во коЧани

Обдукцијата ќе покаже како починал младиот кочанец 

Мистериозната смрт на кочанецот Бојан Ј. (26) во влезот на една од станбените згради во комплексот на трговскиот центар во Kочани, каде што момчето живее, и вчера беше главна тема во Kочани. Телото на Бојан беше пронајдено завчера утрото, но официјално с` уште не се познати причините за неговата смрт.

Вознемирените кочанци со нетрпение очекуваа да слушнат што навистина се случило, дали се работи за несреќен случај или за убиство, зашто според првичните официјални информации на телото на момчето имало пронајдено траги од насилство поради што уште завчера било предадено на обдукција за да се утврдат причините што довеле до смртта.

Од СВР Штип вчера рекоа дека истрагата за причините за смртта била во тек, уште не се знаело дали се работи за насилство или за несреќен случај, а новите сознанија од истрагата официјално ќе можеле да се видат на официјалната страница на Јавното обвинителство. Во отсуство на повеќе детали не е познато за какви повреди се работи, како и тоа дали во близина на телото се пронајдени некакви предмети кои укажуваат на можноста да бил удрен со нив. Неофицијално, Бојан имал повреди на главата, кои можеби настанале од удар при пад на скалите. Сепак, работите ќе бидат појасни по извршената обдукција која треба да покаже која точно е причината за смртта на момчето.

Неговите соседи и многу други кочанци се изненадени од смртта на нивниот сограѓанин Бојан, син на поранешен висок полициски службеник во Kочани.

Велат дека момчето било примерно, културно и не можат да поверуваат дека некој би кренал рака на него доколку се работи за убиство.

Случајот во полиција бил пријавен во вторникот околу 6 часот наутро кога мртвото тело на Бојан во влезот било видено од сосед. Веднаш дошла екипа на кочанската итна помош, која ја констатирала смртта.

Потоа, според првичното соопштение од Обвинителството, почнал увидот во соработка со полицијата. Бидејќи на телото биле утврдени видливи знаци на насилство, била повикана и форензичка екипа од МВР, а телото на починатиот е предадено на обдукција.

Kамерите го снимиле како сам влегува во зградата

Во Kочани може да се слушнат разни шпекулации што всушност му се случило на Бојан за кого велат дека неодамна аплицирал за работа во странство и очекувал наскоро да замине. Некои сметаат дека се работи за несреќен случај.

Според таа верзија, момчето во вторникот вечерта било со другарите, прво во кафуле, па во кафеана. Потоа Бојан заминал дома, во зградата во која живеел со мајка си, влегол сам, како што наводно и регистрирала некоја безбедносна камера од дуќаните во тој дел на трговскиот центар. Затоа претпоставуваат дека можеби се сопнал по скалите од што настанале повредите.

Љупчо Шатевски

#



Останати вести
Ученик паднал од прозорец
Очув ги силувал малолетните ќерки
Ограбена уште една обложувачница
МВР: Граѓаните навреме да извадат нови дозволи за оружје
Таткото загина, синовите повредени во пожар во Локвица
Тетовец фатен со 400 грама марихуана во автомобилот
Претепани и ограбени двајца мигранти
Плаќал бензин со лажна петстоденарка

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
ku-vo, 17.02.2017 08:58:32
abe Ljupco ne e ova zelka pa da bide kocanec. Zitel na Kocani e kocancanec. Ne znam kade si ucel osnovno uciliste, a i Dnevnik kako najprofesionalen vesnik treba da prevzeme nesto. Pozdrav od Kumanovo
Најнови вести