период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Метропола
Датум: 02.04.2017, 15:50

Паркот „Нирнберг“ ќе добие автоматско наводнување

Деновиве ќе почне изградбата на автоматски систем за наводнување во паркот „Нирнберг“ во Ново Лисиче и во двата парка меѓу зградите зад ТЦ „Скопјанка“ во населбата Острово.

Во паркот кај игралиштето „Нирнберг“ покрај булеварот Видое Смилевски - Бато системот за наводнување на 15.000 квадратни метри ќе содржи над 200 прскалки што ќе се вклучуваат автоматски во одредени временски интервали и така тревните површини постојано ќе ги одржуваат свежи. Системот за наводнување ќе се напојува со бунарска вода.

Ист ваков автоматски систем во двата парка зад ТЦ „Скопјанка“ ќе полева 13.000 квадратни метри зелена површина со 230 прскалки.

- Со изградбата на овие системи за наводнување Општина Аеродром продолжува да ја шири автоматската мрежа што веќе ја има воспоставено во повеќе зелени паркови, меѓу кои Паркот со авионот, Паркот на езерата, Паркот на светлината, паркот „Бановина“, паркот „13 Ноември“, паркот „Јане Сандански“ и паркот „Тоше Проески“ - велат од Аеродром.

Во меѓувреме во соработка со јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ во паркот „Нирнберг“ почна садење на 80 дрвца од видовите гинко, платан, јасен, софора, сорбус и липа, со што ќе се збогати и флората во овој дел на Аеродром.

#



Останати вести
Зазеленети 20 локации во Илинден
Kисела Вода додели 41 ваучер за семејствата со новороденче
На располагање се 250 велосипеди за по 10 денари од час и електровозила

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести