период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Економија
Датум: 19.05.2017, 15:27

ПОРАДИ НАРУШУВАЊЕ НА ПАЗАРОТ

Полската државна гасна компанија бара парична казна за „Газпром“

Европската комисија треба да наметне парична казна за „Газпром“ и да создаде конкурентни услови за гасниот пазар. Оваа е позицијата на полската државна компанија ПГНиГ по повод случајот што го води Брисел против злоупотребите со доминацијата на руската компанија на пазарот во Централна и Источна Европа.

За да има гаранции дека руската компанија нема повторно да ја наруши конкуренцијата мора да продаде акции во компаниите кои ја поседуваат клучната гасна инфраструктура во ЕУ, како на пример гасоводот „Јамал“, „Опал“ и гасните складишта во Германија. Мислењето на полската компанија беше соопштено за време на официјална прес-конференција, објави Еурактив.

Извршниот директор Пјотр Вознјак коментира дека рускиот гигант ја нарушува конкуренцијата на пазарот, со тоа што дава различни цени за различни клиенти и наметнува повисоки цени за некои од нив. Kомпанијата се обидува да ја контролира гасната инфраструктура преку своите резерви.

Вознјак посочи дека се направени пресметки за износите кои „Газпром“ ги надплатила од компанијата, но одби да ја објави сумата.

Во средата комесарот за прашањата на конкуренцијата Маргрет Вестагер беше категорична дека не е можно да биде наметната финансиска казна на „Газпром“ и да бидат прифатени предлозите на руската компанија за либерализација на пазарот. Ако „Газпром“ не ги почитува преземените обврски, тогаш таа ќе биде финансиски санкционирана, објасни сепак Вестагер.

Вестагер рече дека се уште нема конечна одлука за случајот на „Газпром“ и во која насока ќе биде таа ќе зависи целосно од пазарниот тест, кој заврши во почетокот на мај.

#



Останати вести
Половина милион бегалци бараат работа во Германија
Германски искуства во енергетската ефикасност пренесени на домашни градежници
Kвадратот во стар стан е од 100 до 200 евра поевтин отколку во нова зграда
Просечно домаќинство лани располагало со 6.092 евра, а потрошило 5.421 евро

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести