период од-до
  -  
ЕкономијаЕврорамаХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Економија
Датум: 10.01.2017, 16:22

МОДЕРНИЗАЦИЈА НА ЖЕЛЕЗНИЦИТЕ

Четири нови електрични локомотиви ќе сообраќаат на македонските пруги

Четири нови електрични локомотиви ќе добие Македонија од кинеската компанија ЦРРЦ „Џуџоу“. Договорот за набавка што го потпишаа „МЖ - Транспорт“ и претставници на компанијата е втор проект што го реализираат македонската Влада и „Џуџоу“ по првиот за набавка на шест нови патнички воза. Инвестицијата вредна осум милиони евра е обезбедена од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), а се реализира во рамките на проектот за обнова на возниот парк.

- Набавката на четирите нови електрични локомотиви практично значи обнова на возниот парк по 40 години, доближување до европските и светските стандарди, обезбедување поголема безбедност и сигурност во железничкиот сообраќај, поголем број патници, поголема брзина, енергетска заштеда, заштита на животната средина, ефикасно работење и поквалитетни услуги - истакна генералниот директор на „МЖ - Транспорт“, Никола Kостов.

Според него, набавката на новите локомотиви ќе значи и поттик повеќе за вработените, поголема мотивираност и стимул за уште поголема професионалност во исполнувањето на обврските.

Претседателот на кинеската компанија, Џо Шин Ха, рече дека Македонија е важна југоисточна железничка транспортна зона и е постојано во фокусот на „Џуџоу“.

- Ќе добиете сигурни и безбедни производи со врвни перформанси и прекрасен изглед - истакна Шин Ха и додаде дека „Џуџоу“ ќе овозможи повластени услуги при финансирањето како целосна поддршка за Македонија за подигнување на јавниот транспорт.

ЦРРЦ е основана во 1936 година и има осум децении искуство во производство и сервисирање локомотиви. Произведува супермодерни урбани возови за железнички превоз. Соработува со над 10 земји и годишно реализира набавки од 45 милијарди јуани.

#



Останати вести
Преку паметен телефон на интернет се поврзуваат 81 отсто од македонските корисници
За пет години во странство префрлени добивки и дивиденди вредни 1,137 милијарда евра
Над една четвртина помалку туристи лани го посетиле Истанбул
Италија заплени имот вреден 23 милиони евра од поранешни директори на „Монте деи Паши“
„Роснефт“ ќе управува со 12 отсто од германскиот рафинериски бизнис
Тунис итно бара пазари за повеќе од 550.000 тони портокали
Kинеските девизни резерви паднаа на 3,01 билиони долари

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести