период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Свет
Датум: 11.01.2017, 17:40

ПРИНУДНА ЕДУKАЦИЈА

Полицијата во Брисел преку часови за исламот ќе гради пристојни односи со муслиманската заедница

Полицијата во Брисел ќе биде принудена да оди на часови по ислам за да помогне во поттикнување пристојни односи со муслиманската заедница во белгиската престолнина. Според новата иницијатива наречена „Менаџмент на конфликтот или како да избегнете тешкотии кога се справувате со муслимани“, полицајците ќе почнат осумчасовен модул за истражување на религијата и учење на историјата на имиграцијата во Белгија од 1960 до денес.

Властите од Брисел го додадоа новиот план на веќе постојната обука ЦОППРА, која е проект финансиран од ЕУ, а со која се екипираат полицајците на терен за да може да запрат и забележат радикализација, пишува британски „Експрес“. Дел од обуката ќе биде и активности со играње улоги и дополнителен тренинг за да им помогне на полицајците да забележат радикализација и џихадистички перења на мозокот.

- Овој тренинг е по барање на самата полиција. Полицајците веруваат дека во мултикултурен град основното знаење за исламот е неопходно за посветените полициски сили - истакна пратеничката од редовите на зелените, Анеми Маес.

Таа додава дека на овој начин тие сакаат да постигнат меѓусебни односи полни со почит, карактеризирани со позитивна отвореност кон споделувањето на знаењето.

Брисел ќе ги применува методите што веќе се користат во полициското училиште во Антверпен.

Белгија е зафатена со проблеми со исламскиот екстремизам веќе неколку години, а населбата Моленбек во Брисел стана центар за џихадисти. Голем број напаѓачи што учествуваа во нападите над Брисел и Париз живееја во Брисел. Салах Абдеслам, умот кој стои зад нападите на Париз, успеал да остане скриен во областа со помош на пријателите и роднините пред да биде фатен од страна на службите за спроведување на законот.

#



Останати вести
Унгарија тргнува против Сорос
Во Париз регистрирани 17 радикализирани полицајци
Расистот што уби девет Афроамериканци осуден на смрт
ЦИА вмешала прсти во повеќе од 80 избори во странски држави
Ирачки командант тврди дека Мосул ќе биде ослободен за три месеци

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести