период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Спорт
Датум: 20.03.2017, 15:19

Милевски: Црна Гора ќе биде последна проверка за новата генерација

Македонската селекција до 21 година, која избори историски прв настап за мак-фудбалот на завршница од Европско првенство, кое ќе се одржи од 16 до 30 јуни годинава во Полска, е на собир за две мартовски мисии. За државниот тим предводен од селекторот Благоја Милевски претстојат два контролни натпревара со Црна Гора и Бугарија.

Новата генерација играчи во оваа возрасна категорија, откако мина два селективни кампа, в петок на 24 март ќе го има првиот тест против соодветната селекција на Црна Гора како увертира во квалификацискиот циклус за ЕП 2019 во Италија, кој ќе го почнат на 5 септември со гостување кај Ерменија во рамките од 7. група каде што ривали ќе им бидат уште и соодветните тимови на Србија, Русија, Австрија и на Гибралтар.

Повозрасните репрезентативци кои се на излезната врата од оваа генерација и некои од нив веќе се прекомандувани во сениорскиот македонски состав по завршените обврски во најдобрата репрезентација кој ќе игра квалификациски меч за СП 2018 со Лихтенштајн во Вадуз се враќаат кај Милевски да ја дозавршат започната работа со ЕП 2017. За нив е организиран контролниот меч на 28 март против Бугарија кој ќе биде и последен пред настапот во Полска. Македонија како дебитант на завршницата од ЕП 2017 ќе игра во групата Б заедно со селекциите на Португалија, Шпанија и на Србија.

- Само Енур Тотре се пожали на ситна повреда по првенственото коло викендов, но се надевам дека ќе биде санирана и ќе конкурира за настап против Црна Гора. На располагање се сите повикани кандидати за дуелот со Црна Гора за кои оваа контрола е последна проверка. Новите кандидати, оние што не беа во можност да бидат дел од селективните кампови што ги организиравме, ќе треба на овој тест да го потврдат својот квалитет и да н` убедат дека имаат потенцијал за настап во репрезентацијата во идниот квалификациски циклус - вели селекторот Милевски по собирот на своите кандидати.

#



Останати вести
Ангеловски: Ќе одиме да ја извојуваме првата победа
Работнички и Kарпош Соколи се радуваа во Суперлигата
Брест Мешков домаќин на завршницата од СЕХА-лигата
Федерер игра како во најдобрите денови
Македонските млади ракометарки се пласираа на ЕП
Спортинг Лисабон му фрлил око на Ристовски

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести