период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Датум: 26.12.2016, 12:24

БИЛКИ

Босилек за здраво срце

Босилекот (лат. Ocimum basilicum) е грмушесто и миризливо растение, со овални и најчесто зелени листови. Постојат околу шеесет видови босилек и сите се различни по изглед и вкус.

Расте во различни делови на светот, а првично се одгледувал во тропска Азија.

Првите писмени записи за босилекот се стари четири илјади години и потекнуваат од древниот Египет.

Зборот босилек доаѓа од грчкиот basilikon, што значи кралски и е одраз на почитувањето на древните култури за ова растение. Римјаните го идентификувале со љубов и посветеност, и се верувало дека мажот засекогаш ќе ја сака жената од која ќе прими гранче босилек.

Во Индија, босилекот го негувале како симбол за добредојде, а во ајурведата еден вид босилек (Тулси, лат. Ocimum tenuiflorum) се користи за лекување многу болести - дијабетес, астма, импотенција, камења во бубрезите, неплодност и алергии.

МОЌЕН АНТИОКСИДАНС

Босилекот е познат по фактот дека има силни антиоксидантни својства. Според ORAC скалата сувиот босилек има дури 61.000 единици.

Антиоксидантите кои природно се наоѓаат во босилекот го штитат телото од оштетувања предизвикани од слободните радикали, спречуваат стареење на клетките и формирање неколку видоа рак. Антиоксидансите се важен дел од здравата исхрана и здравиот начин на живот, а босилекот е нивен сигурен и ефективен извор.

Еден од антиоксидансите на босилекот е бета-каротен. Бета каротенот, кој во телото се претвора во витамин А, ја спречува оксидацијата на холестеролот во крвта, а со тоа го штити срцето и крвните садови.

Оштетувањата предизвикани од слободните радикали придонесуваат за развој на многу други болести вклучувајќи астма, остеоартритис и ревматоиден артритис. Бета-каротенот од босилекот е одличен начин за превенција на овие болести.

ИЗВОР НА Б6 и МАГНЕЗИУМ

Босилекот е добар извор на витамин Б6 и магнезиум. Витаминот Б6 го спречува натрупувањето на потенцијално опасната молекула хомоцистеин.

Иако хомоцистеинот е производ на природните клеточни процеси, може да го оштети ѕидот на крвниот сад, ако брзо не се претвори во безопасен молекул, а Б6 во оваа игра има клучна улога.

Магнезиумот го промовира здравјето на кардиоваскуларниот систем преку помагање на релаксирањето на мускулите и крвните садови. Така го подобрува протокот на крвта и го намалува ризикот од неправилен срцев ритам. Магнезиумот го зајакнува срцевиот мускул и дејствува превентивно против инфаркт.

ПРИРОДЕН АНТИБИОТИК

Истражувањата покажаа дека маслото од босилек има корисен ефект врз имунолошкиот систем. Свежите листови босилек имаат антибактериски и антисептички својства и може да се користат за лекување инфекции.

Босилекот може да се користи и локално - листови босилек се ставаат на рана за да се спречи бактериска инфекција.

СВОЈСТВА
*Моќен антиоксидант
*Има антибактериски својства
*Го зајакнува имунолошкиот систем
*Спречува оксидација на холестеролот
*Го штити срцето и крвните садови
*Помага во борбата против инфекции
*Го намалува воспалението предизвикано од артритис

Миризливиот босилек се користи во сите светски кујни и одговара со различни видови јадења. За да го задржи својот вкус, додадете босилек на крајот од јадењето. Секогаш кога ќе можете, изберете свеж босилек бидејќи има поинтензивен вкус во споредба со исушениот.

Пијте го закрепнувачкиот чај од босилек што ќе го подготвите така што исечканите листови босилек ќе ги прелиете со врела вода, ќе оставите да стои 8 минути и потоа ќе процедите.

(Е.Т.Е.)

#



Останати вести
Неколку знаци дека страдате од празничен стрес
Супите и медот - здрава увертира на зимското мени
Продолжениот режим на хормонална контрацепција го одложува месечното крвавење
Масло од кучешки трн - сојузник на вашето здравје и убавина
Масла и маски го намалуваат целулитот
Ублажете ги симптомите со кромид, жолчка и банани

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести