период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Омнибус
Датум: 11.01.2017, 16:10

Писмата на Александар Хамилтон на аукција во Њујорк

Писмата на Александар Хамилтон, еден од основачите на САД, врз чија основа е направен бродвејски хит, ќе бидат понудени на аукција во Њујорк за два милиона долари.

Аукциската куќа „Сотби“ ќе ги понуди историските документи на продажба на 18 јануари, а експертите наведуваат дека писмата, најверојатно, ќе ја надминат проценетата цена.



Продажбата повторно фрли светлина на „Хамилтон“, возбудливиот биографски мјузикл за Александар Хамилтон, кој е еден од татковците на американската нација. Мјузиклот освои 16 номинации за наградата „Тони“, најмногу во историјата на Бродвеј. Ги освои и Пулицеровата награда и „Греми“.

Александар Хамилтон бил американски економист, политичар и теоретичар и прв министер за финансии во САД, а како пионер на американското уставно право бил коавтор на Федералистичките (трудови) списи, дело што се смета за главен извор за толкување на уставот на САД. Долгогодишното ривалство со потпретседателот на САД, Арон Бер, во 1804 година ескалирало со судир, кој завршил со двобој, во кој Хамилтон бил убиен.

#



Останати вести
Мирко и волкот Вуле не можат без муабет
Сурутка „митован“ за здравје и во староста
Најстарото вино е од 350 година пред Христа
Принс имал златни прачки вредни над 800.000 долари
Збогум кариес, забите сами ќе се поправаат со лек за деменција

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести