период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Економија
Датум: 11.01.2017, 16:53

ПОРАДИ ПОНУДАТА НА ДЕВИЗИ И РАСТОТ НА ШТЕДЕЊЕТО

НБМ ја намали основната камата втор пат за еден месец

Народната банка ја намали основната камата дополнителни 0,25 проценти, од 3,75 на 3,5 проценти. Таа е каматата по која банките купуваат записи кај НБМ и од која во голема мера зависи политиката по која банките ги креираат каматите за кредитите и за штедните влогови. Оваа надолна корекција е втора за краток период откако централната банка на средината на декември ја намали основната камата од 4 на 3,75 проценти. Реакцијата за ова јануарско намалување се правда со понатамошната стабилизација на девизниот пазар и очекувањата на економските субјекти за растот на економијата годинава.

- Сигналите за стабилизација и понатаму се видливи во двата пункта каде што политичката криза имаше најголеми ефекти - девизниот пазар и депозитите во банкарскиот систем. НБРМ и во текот на декември интервенира со откуп на девизи, шести месец последователно, со релативно голем износ, со што и за целата година интервенциите се во насока на нето-откуп и имаат позитивен придонес кон промената на девизните резерви - стои во соопштението од Народната банка.

Оттаму велат дека и во декември има раст на штедењето на населението во денари.

Инаку, и првичната причина за зголемување на основната камата која НБМ ја направи во мај лани беше поради шпекулациите за девалвација на денарот во услови на политичка криза кога граѓаните почнаа да повлекуваат пари од заштедите во банките, а денарите што ги чуваа дома ги разменуваа за девизи. Тогаш НБМ ја зголеми основната камата од 3,25 проценти на 4 отсто, со што по ова второ намалување, сега основната камата се врати на нивото од пред зголемувањето во мај.

Банкарите, најверојатно, сега ќе прават нови анализи за каматната политика. Kога минатиот месец НБМ соопшти дека ја намалува каматата, изјавуваа дека најверојатно ќе ги намалат каматите на депозитите. Kредитните камати, пак, месецов не беа намалени оти, како што изјавуваа банкарите, и кога имало зголемување на основната камата, тие не ги зголемиле кредитните камати.

Основната каматна стапка од 3,25 проценти, колку што беше до мај 2016 година и колку што е сега, е историски најниска камата на благајничките записи и таа важеше од јули 2012 година. Гледано по години, падот делумно почна од 2010 година, цела 2011 беше 4 проценти, а од средината на следната година НБМ одлучи да ја спушти до 3,25 проценти.

За празниците повеќе девизи на пазарот

Народната банка откупила девизи од банките вредни 183 милиони евра во втората половина од годината, а само во декември нето-откупот е 63 милиони евра, велат од НБМ.

- Банките имаа вишок девизи генериран од поповолните движења во трансакциите со клиентите, пред с`, со фирмите. Исто така, зголемена понуда имаше и од менувачниците како сезонски ефект пред божикните и новогодишните празници, а со физичките лица беа регистрирани стабилни движења и нето-откуп на девизи - велат од централната банка.

Сепак, на збирна основа за цела година нето-откупот на девизи изнесува 16,6 милиони евра. Инаку, во декември е регистриран и раст на вкупните депозити од 4 проценти, а најмногу за тоа придонел растот на депозитите на претпријатијата.

Александра Томиќ

#



Останати вести
Македонската економија годинава ќе порасне 3,3 проценти, в година 3,7 отсто
Просечната плата во Скопје речиси 26.000 денари, во источниот регион пониска 10 илјади
Саудиска Арабија ги намалува буџетските трошоци за 20 милијарди долари
До крајот на годината првите количини гас од наоѓалиштето „Зохр“ на Медитеранот
Макрон: Еврото е дефектно и може да не постои по 10 години

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести