период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Спорт
Датум: 10.01.2017, 16:05

ФИФА изгласа завршница на СП со 48 репрезентации од 2026 година

Најавата дека завршниците од фудбалските мундијали во иднина ќе бидат со 48 репрезентации веќе е реалност откако раководството на Светската асоцијација (ФИФА) ги изгласа измените со кои ќе стартува во 2026 година. Одлуката е донесена едногласно, а беше поддржана од претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, кој се залагаше за вакви радикални помени во предизборната кампања од трката за првата фудбалска фотелја во светот.

Мундијалот во 2026 година ќе има 16 учесници повеќе на завршницата во однос на досегашните 32 со колку се играа планетарните собири. Сите 48 репрезентации во новиот формат на завршниците ќе бидат поделени во 16 групи со по три селекции. Од секоја група двете најдобропласирани ќе одат во следната фаза, а третопласираната ќе го заврши настапот. Натпреварувањето ќе продолжи со нокаут-фаза во шеснаесет-финале.

Според челниците на ФИФА, оваа промена треба да обезбеди поголем прилив на пари, гледачите да имаат можност да проследат 80 натпревари наместо досегашните 64 и да има многу поголема неизвесност без можност за тактизирање со бодовите за да се обезбеди натамошниот пласман по групната фаза.

Од 16 нови места за репрезентациите, дополнителни претставници на мундијалите ќе добијат сите континенти. Европа која досега е доминантна со 13 претставници, најверојатно ќе добие уште три и на СП 2026 ќе има 16.

Земјите кандидати за домаќин на првиот мундијал со 48 репрезентации се: Мексико, Kанада и САД.

#



Останати вести
Дејвис го предводеше Њу Орлеанс за триумф над Њујорк
Црвена звезда го задржа максималниот ефект во АБА-лигата
Гонзалес ги почна подготовките на Вардар со десетмина ракометари
Јотовски игра со Хочевар во Мајами
Пелистер го договори и Ѓорѓи Мојсов
Вардар во стројот со новакот Демири, Шкендија со тренерот Брдариќ
Роналдо: Зад мене е најсреќната година во кариерата
Ангеловски и Пандев „петките“ ги доделија за Роналдо
Шпанија фаворит, Македонија ќе бие битка за втората фаза

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести