период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Отворена
Датум: 19.05.2017, 17:19

АKТУЕЛНИ СОСТОЈБИ

Сдсмовците допрва ги очекуваат разочарувања

Влатко ЃОРЧЕВ

Овие десетина дена се добар контраст, добра споредба за разликата во дневниот ред и преокупациите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Груевски и министрите од ВМРО-ДПМНЕ ги довршуваат или започнуваат проектите на кои со години се работеше. Од привршување на автопатите, преку изградба на гасоводи, почеток на градба на нов клинички центар до реконструкција и изградба на еден куп нови градинки, училишта, локални патишта, спортски сали, домови на културата...

Од друга страна, СДСМ го работи тоа што најдобро го знае веќе со години. Византиска политика, договарање коалиции, тајни договори и преговори... Нема тука програма или создавање дела, туку само императив да се дојде до 62 пратеници. По секоја цена да се дојде до таа бројка и што подолго да се задржи власта.

Тоа е алфа и омега на политичкиот ангажман на раководството на СДСМ. Да се предизвика криза, да се дестабилизира државата до темел, да се добие поддршка во потфатот од разни пара - структури и подземја, па потоа да се биде пожарникар, да се менаџира состојбата што самите ја влошиле, а во меѓувреме да се освои власта преку секакви лажни ветувања, договарања зад затворени врати и интриги.

Сега ги очекува договарањето на ресорите во новата влада, односно коалицијата, распределба помеѓу СДСМ, ДУИ и коалицијата на Зијадин Села. Преговорите нема да бидат лесни затоа што секој коалициски партнер, па и секој пратеник од сите овие партии ќе поставува услови и ултиматуми. Секој ќе инсистира на своето, а доколку не му се исполни желбата, владата ќе нема мнозинство. На посебен колосек се преговорите со Беса, која има рејтинг во нагорна линија, па нема преголем интерес за влегување во Владата.

Значи, во отпочнатите преговори за владата на Зоран Заев, Али Ахмети и Зијадин Села ќе има многу детали, многу кадровски ребуси и многу лавиринти. Тоа ќе се менаџира, но со секоја измината недела и со секој изминат месец таквите проблеми ќе се продлабочуваат.

СДСМ ќе биде принуден на постојано повлекување и постојани отстапки. И во делот на законите што ќе ги предлага владата, и во делот на проектите, и во делот на кадровската политика. Премиерот ќе има максимално тесен маневарски простор, а деновите ќе му се сведат на секојдневно гасење пожари меѓу министрите и замениците министри од различни партии.

Заев ќе треба да им објасни на еден куп луѓе дека нема да бидат министри, иако тие го очекувале тоа. Ќе следува најава за нивни ангажман во вториот ешалон, но и таму местата се ограничени, ќе се пополнат брзо, а кандидати има буквално илјадници.

Ќе почнат првите прозивки и незадоволства. Ќе се бара трпение, ќе се купува време. Но, тоа ќе биде дневно и секојдневно менаџирање на очекувања, лични амбиции, минат труд, споредби, приговарање, лобирање, озборување, договарања... Kоалициските проблеми што ќе треба да се лепат во владата во премиерот реално нема силна позиција и тежина, затоа што владата во секој момент ќе биде пред соборување.

Тие што ќе бидат именувани за раководители, нема да имаат средства и буџети да ги реализираат ветувањата. Kога сме кај ветувањата, тие се толку амбициозно и широкоградо дадени, што се секоја година се потребни барем 3 - 4 буџети.

Ветено е с` и сешто. Хартијата трпи с`, па секоја желба и секое барање е ставено како ветување. Сега ќе треба сето тоа да се испорача. Јасно, сето тоа е невозможно, затоа што се ветени брда и долини. И на национално, и на локално ниво.

Ветувањата се често и прилично противречни. На Македонците им се дава гаранцијата дадена од Заев до Иванов, а на Албанците им се ветува тиранската платформа. На компаниите им се ветуваат помали даноци, а на сите страни се зголемуваат социјалните трошоци.

На странските инвеститори им се нуди соработка, а преку еден куп закони ќе се отежне нивната работа. И така натаму, и така натаму. Само погледнете ја програмата на СДСМ и ќе видите дека се работи за концепт на баронот Минхаузен.

Kога на сето тоа ќе се додаде кадровскиот состав и потенцијал на СДСМ, ДУИ и коалицијата на Зијадин Села, заедно со првите луѓе што ќе ги раководат министерствата, агенциите, дирекциите и управите, тогаш веќе јасно се наѕираат размерите на проблемите кои што претстојат за државата и граѓаните.

Разочарувањата за членството и симпатизерите на СДСМ допрва почнуваат. Проблемите на Владата на СДСМ допрва почнуваат. Тензиите меѓу коалициските партнери допрва ќе се зголемуваат. Ветувањата кон народот нема да се реализираат. Нестабилната влада не ќе може долго да се одржи.

Ќе имаме нестабилна влада која нема да може да испорача резултат. Народното незадоволство ќе расте. Затоа, решението е во нови избори, со јасен мандат и јасно мнозинство за ВМРО-ДПМНЕ. Така ќе добиеме стабилна влада и функционална држава.

#



Останати вести
Македонија меѓу кафе на Земјата и кафе со Јосип Броз
Гaфовите и блефовите на нашиот Бошко Буха
ДЕМОНкрати ми се закaнуваат дека ќе ме убијат!

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
patriot, 19.05.2017 23:12:47
VIE ste najvinovni za raspadot na drzavata kolku i da se ligavite sega narodot ve procita a i odgovornosta ne vi bega koga i da e i tesko deka ke izlezite od ova,site vie ste isti dali zaev ili grujo ne ste nisto povekje od dupelizaci po stranski ambasadi,pampers patrioti nitu narod ve interesira nitu drzava edinsveno sto ve interesira e kariera zatoa i se povlekovte od sve ko p....a i go putivte cel narod i drzava niz voda sram da vi e.
прашање, 19.05.2017 23:25:06
И што велиш Влатче? Најдобро е Заев да не се мачи толку многу, туку да му ја предаде власта на Груевски. Што уште не ќе ви текне да пишувате.
Заев, 20.05.2017 01:14:17
Глупости, глупости,глупости?!
do Vlatko, 20.05.2017 05:23:16
Gi dovrshuvate zapochnatite proekti kako stavanjeto trojazichni turistichki patokazi vo glavniot grad.So ova gi plukate demonstrantite od crvenozholtoto dvizhenje.
radovanpopovski@yahoo.co.uk, 20.05.2017 07:29:09
pocituvan kolumnist.se grizis za sdsm i poteskotii redis sto ce gi ima. nas graganite i citateli na vesnikot ne intewresira sto ce pravi vmro vo opozicia kazuvaj dali si gi procistivte redovite.zosto 10 godini bleete pred eu i amerika.zosto dozvolivte da rabotat izmecarite makedonci a zakonite i ustavot vi se vo race celo vreme.360 000 glasaci makedonci vi otidoa i so pomos na albancite i eu i amerika ve kutnaa.uspieni vo 10 godisen son i samozadovoleni a neprijatelot ce ve praka po zandani/kako i predhodnite 60 godini/ne se borevte so nivni srestva i postapki i sega od niv nemase da ima ni prasinka.popara ce se kusa no i makedoncite koi ve podrzavaa i vi veruvaa deka ve biva gi razocaravte. ima uste milion rabotino za druk pat.
Ќуќурот, 20.05.2017 08:20:06
Е ќе видиме кому ќе се даде довербата на идните, било какви, избори. На оној што без структура, со чисто срце собира народ позади себе или оној кој на првата кривина се дистанцира од својот народ, потпишува капитулации и ги предава клучевите од портите на непријателот, без борба.
dragan, 20.05.2017 09:11:53
E sega ti batka ja otkri Amerika,napisi ti sto si napravil za Makedonija
vistina, 20.05.2017 11:02:13
slusaj;pomagacu na predavnicite ti ne kazuvaj mnogu kako ke bide so sds tuku kazi sto ke bide so vmro so vas sto narodot vi go dade mandatat 10 god. a vie go propastivte ; od goto veresija napravivte
RAZOCARAN VMRO-VEC, 20.05.2017 14:08:11
RAZOXCARUVANJA IMALO I CE IMA VO SITE PARTIJI OD PROFITERITE KOI SAKAAT SEKOGAS DA SE SO VLASTA ZA LICEN INTERES.
Risto, 20.05.2017 15:24:15
E Vlatko Vlatko Dozvolivte na eden kup kriminalci hostapleri i patoloski lazgovci da vi vlezat vo madatot. Mislis deka za toa e kriv narodot? Neznam dali ke vi dozvolat da dojdete na vlast Regularni izbori prasanje e dali ke ima vo bliska idnina ( nema da dozvolat ) Ocigledno ne bevte spremni na prljava igra Mislam deka ke me sfatis sto sakam da ti kazam i sto treba .........
Jordan Paneski, 20.05.2017 18:24:58
Steta sto ministrite na VMRO-dpmne ne go docekaa krajot od proektite za da legnat proviziite na nivnite smetki.
EU, 20.05.2017 20:04:14
Namesto da gi berete gajlinjata na idnata vlada, bi ocekuvale da bidete konstruktivna opozicija za da moze najposle da se zapocnat serioznite reformi vo site sferi na opstestvoto. Se razbira deka opozicijata smee i mora da kritikuva, no pak konstruktivno, argumentirano, a ne samo od omraza.
Sonce, 21.05.2017 00:21:29
Vlatce, za kriminalcite od VMRO, Zandani samo.
xxl, 21.05.2017 01:35:03
Ne ja podrzuvam platformata,no sedeseto ve dobro obrsbotija, vaka, onaka, plakale itd pa i vie da ste plakale za glasovite, politikata e najdobar biznis, Nego sto praime eve vo programata na sdsm predlagaat da se ukine Bolnickata Participacija, ako im uspee BRAVO, za pozdravuvanje
Giorgi, 21.05.2017 04:39:47
Зошто Влатко Ѓорчев, ги употребува Грчките букви алфа и омега. А не Македонските букви А и Ш. Македонија веќе се Албанизира тоа го сакаше САД , Европскиот Сојуз, и НАТО. Направија трета Албанска држава, која е следната.
RAZOCARAN VMRO-VEC, 21.05.2017 06:58:00
SDSMOVCI GI CEKAA RAZOCARUVANJA OD ISTITE KOI PREMINAA VO DPMNE I SEGA PAK CE SI SE VRATAT VO SDSM SO PARI OD GRAGANI A VIE GO DOZVOLIVTE TOA SO NEZAVRSEN FAKULTET I DETE STANAVTE PRATENIK PROFITER KOJ GI IZBRKA SITE CESNI VMROVCI ZA LICEN INTERES.
Лoги Кaвели, 21.05.2017 09:39:00
Кoгa нaјгoлемите рaзoчaрувaњa вo oвие 27 гoдини дoјдoa oд вaс, не е вaжнo кoлку ќе не рaзoчaaрaт oни. Еднo е кoгa некoј ти се тoпoри зa пaтриoт и ќе усере кoгa не требa нaјмнoгу...и тoa пo ред мнoгу пaти, a другo е кoгa предaвник гo прaви тoa...
Најнови вести