период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Метропола
Датум: 16.03.2017, 16:29

ИНТЕНЗИВНИ АKТИВНОСТИ НА „ПАРKОВИ И ЗЕЛЕНИЛО“

Се уредува зеленилото во Паркот на жената борец

Екипи на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ деновиве интензивно работат на обновување на Паркот на жената борец, спроти Собранието на Македонија. Скопскиот градоначалник Kоце Трајановски, кој вчера изврши увид во градежните зафати, објасни дека станува збор за реконструкција на јавна зелена површина од околу 7.000 квадратни метри, на која ќе се изврши замена на стариот со нов тревник.

- Првпат во зеленилото ќе се постави систем за наводнување со 135 прскалки, 1.000 метри систем капка по капка, главна водоводна мрежа од 850 метри и 35 хидранти за полевање на зеленилото. Досега зеленилото во паркот се полеваше рачно со црева, а со новиот систем за наводнување тревата во паркот ќе биде постојано зелена, што ќе придонесе за поубав амбиент – рече градоначалникот Трајановски.

Освен тоа, во рамките на паркот старата и оштетена урбана опрема е заменета со нова. Уредени се патеките, а веќе се монтирани 55 вградени светилки, кои ќе ги осветлуваат дрвјата. Трајановски најави дека ќе се постави и ново осветление со 45 декоративни столба, високи по 4,4 метри, на кои ќе се монтираат светилки од 70 вати. Во паркот ќе се изградат и три чешмички за пиење вода.

На хортикултурното уредување на паркот работат екипите на „Паркови и зеленило“, а за реализација на овој проект од буџетот на Градот ќе се издвојат околу 5 милиони денари.

#



Останати вести
До изградбата на нова градинка децата ќе се згрижат во амбулантата

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести