период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Економија
Датум: 10.01.2017, 16:18

KОЛKУ ОД ПРОФИТОТ ОДИ KАЈ ГАЗДИТЕ

За пет години во странство префрлени добивки и дивиденди вредни 1,137 милијарда евра

Над 275 милиони евра одлеале македонските компании што имаат странски капитал надвор од земјава за десет месеци лани. Толку пари префрлиле во компаниите мајки од јануари до октомври на име реинвестирани добивки и исплатени дивиденди. Притоа речиси идентична е сумата исплатена како дивиденда и таа што е реинвестирана назад од остварената добивка, односно по 137 милиони евра по двете ставки од јануари до октомври 2016 година. За цела година сумата можеби ќе биде и доста поголема со оглед на тоа што некои од поголемите фирми исплатата на дивидендата ја извршија во текот на последните три месеци лани.

Според податоците од Народната банка, од 2012 година наваму како одливи од капитал и од акции на компании и инвестициски фондови надвор завршиле 1,174 милијарда евра. Сумата е и за добивките и за исплатените дивиденди.

Секоја година

Неколку поголеми банки со странски капитал и телекомуникациските компании се фирмите што и годинава објавија дека ќе делат дивиденда за акционерите. Со оглед на тоа што мнозинските сопственици им се странци, парите по оваа основа и во 2016 година завршиле надвор. Во десет месеци лани како дивиденди се исплатени 137,4 милиони евра, а одливи регистрирани како реинвестирана добивка се 137,6 милиони евра. Ако се анализираат по години, во 2015 вкупната одлеана сума од капитал изнесува 297,6 милиони евра. Во годината претходно над 194 милиони евра, а во 2013 година како дивиденди и добивки се одлеани 229,2 милиони евра. Во 2012 година, пак, вкупниот одлив е 177,6 милиони евра. Во податоците нема показатели за тоа колку од овие пари во која земја завршуваат, не се соопштуваат ниту компаниите кои најмногу придонесуваат во сумата. Познавачите се децидни дека нема ништо спорно во одлуката добивките да се префрлуваат назад кај матичните компании, ниту дел од профитот да се враќа назад како дивиденда.

Милиони од банките

Споредбено само за дивиденди од 2012 година наваму, најголемата сума е изнесена во 2014 година кога само за ова од Македонија надвор завршиле безмалку 364 милиони евра. Во 2012 година дивидендите префрлени надвор изнесуваат 135 милиони евра. Според податоците од Народната банка (НБМ), во 2013 година на оваа основа надвор завршиле 128 милиони евра, а во 2014 година е достигнат своевиден рекорд или сумата изнесува дури 364 милиони евра, што е најмногу од 2003 година наваму. Лани домашните компании со странски капитал надвор како дивиденди исплатиле 138 милиони евра.

По објавувањето на финансиските извештаи за 2015 година, одлука за распределба на дивиденда меѓу другите компании донесе и НЛБ банка, која како дивиденда подели безмалку 9,5 милиони евра, од кои 8,6 милиони евра беа за сопствениците од Словенија. Охридска банка - Сосиете женерал груп како дивиденда подели околу 650 илјади евра, а дивидендата на Стопанска банка - Скопје беше позиционирана на 45 милиони евра. „Македонски телеком“ годинава како дивиденда подели 24 милиони евра, а странците се газди на 56 отсто од капиталот.

Александра Томиќ

#



Останати вести
Четири нови електрични локомотиви ќе сообраќаат на македонските пруги
Преку паметен телефон на интернет се поврзуваат 81 отсто од македонските корисници
Над една четвртина помалку туристи лани го посетиле Истанбул
Италија заплени имот вреден 23 милиони евра од поранешни директори на „Монте деи Паши“
„Роснефт“ ќе управува со 12 отсто од германскиот рафинериски бизнис
Тунис итно бара пазари за повеќе од 550.000 тони портокали
Kинеските девизни резерви паднаа на 3,01 билиони долари

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести