период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Спорт
Датум: 10.01.2017, 16:02

ЗИМСKИ АМБИЕТН НА ПОЧЕТОKОТ ОД ПОДГОТВKИТЕ

Вардар во стројот со новакот Демири, Шкендија со тренерот Брдариќ

Во типичен зимски амбиент, со дополнително отежнати услови поради екстремно ниските температури што деновиве ја зафатија нашата земја, повеќето од македонските фудбалски прволигаши ги почнаа подготовките за пролетниот дел од сезонава закажан за 19 февруари, а другите ќе го сторат тоа во текот на наредниве денови почнувајќи од денеска. Актуелниот шампион и лидер Вардар во својата тренинг-база Хиподром ја имаше првата прозивка и загревачките кругови ги истрача на снежната покривка. Во стројот на тренерот Гоце Седлоски се појави и засега единственото нов име, младинскиот репрезентативец Бесир Демири, кого го ангажираа од редовите на лутиот ривал Шкендија. Вардаци ќе се загреваат во Скопје до 21 јануари кога експедицијата ќе се пресели во зимската фудбалска мека, турската Анталија, каде што ќе остане до 11 февруари.

Главните конкуренти на Вардар во трката за одбрана на титулата, но и за трофејот во Kупот на Македонија, ќе му бидат Шкендија и Пелистер, како и тимовите на Силекс и Работнички кои имаат цел да обезбедат позиции кои ќе им овозможат меѓународен настап.

Шкендија за разлика од Вардар ги почна подготовките со нов тренер, хрватскиот стратег со германски пасош Томас Брдариќ, кој првиот тренинг го одработи во балон. Тетовската експедиција од 10 до 18 јануари ќе тренира во Охрид каде што ќе ги одигра и првите два контролни меча, а потоа се сели во Анталија каде што ќе остане од 21 јануари до 5 февруари. На првиот собир кај тетовските „црвено-црни“ не присуствуваа бразилските интернационалци Жуниор и Јуфо.

Пелистер не го реализира закажаниот старт викендов во Битола поради екстремно ниските температури, па тој беше реализиран вчера во Охрид. Тренерот Наџи Шансои во Охрид планира да одработи десетина дена, а потоа екипата треба да замине во Аланија. Во Охрид на екипата треба да ~ се приклучат трите засилувања, Баже Илијоски, Јасмин Мециновиќ и Мартин Блажевски.

Победа првиот тренинг го одработи во училишна сала во Прилеп, а тренерот Зоран Штерјовски од новите играчи на располагање го имаше само Благојче Kоњарски. Другите новаци Зоран Даноски, Мирослав Станиќ и Милан Војводиќ треба да се приклучат деновиве, а Бразилецот Уемерсон Рамон во Прилеп се очекува да пристигне на 13 јануари. Победа ќе се подготвува во Охрид, а до почетокот на пролетниот дел планира да одигра пет контролни средби.

Брегалница прва ги почна подготовките уште на 4 јануари, а со подготовки почнаа Работнички, Силекс и Шкупи. Тимот од Чаир во пролетниот дел ќе продолжи под палката на Ардијан Нухију, кој доби доверба да го води тимот во финишот од есенскиот дел по оставката на Висар Ганиу.

#



Останати вести
Дејвис го предводеше Њу Орлеанс за триумф над Њујорк
Црвена звезда го задржа максималниот ефект во АБА-лигата
Гонзалес ги почна подготовките на Вардар со десетмина ракометари
Јотовски игра со Хочевар во Мајами
ФИФА изгласа завршница на СП со 48 репрезентации од 2026 година
Пелистер го договори и Ѓорѓи Мојсов
Роналдо: Зад мене е најсреќната година во кариерата
Ангеловски и Пандев „петките“ ги доделија за Роналдо
Шпанија фаворит, Македонија ќе бие битка за втората фаза

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести