период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Економија
Датум: 10.01.2017, 15:03

РЕKОРДНА ЖЕТВА

Тунис итно бара пазари за повеќе од 550.000 тони портокали

Тунис оваа сезона ќе забележи рекордно производство на портокали - над 500 илјади тони. Властите бараат итно нови пазари затоа што во спротивно постои опасност половина од жетвата да биде уништена, пренесе АФП.

- Во последните пет години плафонот во производството беше 400 илјади тони. Оваа година стигнуваме до 550 илјади тони, изјави за агенцијата генералниот директор на професионалното здружение на работниците во производството на овошје, Мохамед Али Жандуби.

Според него, овој резултат се објаснува главно со климатските услови.

- Времето беше суво и практично немаше опаѓање на цветовите и сите плодови се задржаа - објасни тој, цитиран од агенциите.

Иако одгледувањето портокали е живот за речиси 12 илјади домаќинства, рекордното производство не е задолжително добра вест во услови на недостиг на пазари, истакна Жандуби.

Само 10 проценти од реколтата е наменета за извоз, а половина би можела да биде уништена поради недостиг на клиенти, предупреди Сојузот на вработените во земјоделството и риболовот на Тунис.

#



Останати вести
Четири нови електрични локомотиви ќе сообраќаат на македонските пруги
Преку паметен телефон на интернет се поврзуваат 81 отсто од македонските корисници
За пет години во странство префрлени добивки и дивиденди вредни 1,137 милијарда евра
Над една четвртина помалку туристи лани го посетиле Истанбул
Италија заплени имот вреден 23 милиони евра од поранешни директори на „Монте деи Паши“
„Роснефт“ ќе управува со 12 отсто од германскиот рафинериски бизнис
Kинеските девизни резерви паднаа на 3,01 билиони долари

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести