период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Спорт
Датум: 19.05.2017, 15:37

Шпанија во Скопје доаѓа со Иниеста, Рамос, Пике, Kоста, Мората...

Поранешниот светски и европски фудбалски првак Шпанија на квалификaцискиот меч за СП-2018 во Скопје, против Македонија на 11 јуни ќе пристигне со најсилниот состав. Во тимот на шпанскиот селектор Хулен Лопетеги се најдоа искусните Андрес Иниеста, Серхио Рамос, Жерар Пике, Диего Kоста... Шпанија е фаворит во групата Г и лидер по пет одиграни кола со 13 бода колку што има и Италија, но е лидер со подобра гол-разлика. Во првиот меч од квалификациите Шпанија ја совлада Македонија со 4-0.

На список со 25 кандидати се наоѓаат: Давид Де Хеа (Манчестер јунајтед), Пепе Реина (Наполи), Kепа Аризабалага (Атлетик Билбао) – голмани, Жорди Алба (Барселона), Цезар Аспиликуета (Челси), Дани Kарвахал (Реал Мадрид), Игнасио Монреал (Арсенал), Серхио Рамос (Реал Мадрид), Жерар Пике (Барселона), Начо Фернандез (Реал Мадрид) – одбрана, Серхи Роберто (Барселона), Иско Аларкон (Реал Мадрид), Серхио Бускетс (Барселона), Тијаго Алкантара (Баерн Минхен), Асиер Илјараменди (Реал Сосиедад), Андрес Иниеста (Барселона), Kоке (Атлетико Мадрид), Марко Асенсио (Реал Мадрид), Иаго Аспас (Селта), Жерар Делофеу (Милан), Давид Силва (Манчестер сити) – среден ред, Витоло (Севилја), Педро Родригез (Челси), Алваро Мората (Реал Мадрид), Диего Kоста (Челси) – напад.

Македонскиот селектор Игор Ангеловски-Мрме за овој квалификациски предизвик изборот на репрезентативците ќе го направи идната недела, а во списокот ќе ги нема младите кандидати од тимот до 21 година, кои ќе се подготвуваат за првиот историски настап на завршницата од ЕП во Полска, која ќе се одржи од 16 до 30 јуни.

#



Останати вести
Вардар и Металург ќе одиграат финале пред финалето во ракометниот Kуп
Соколи во четвртиот финален меч ќе му биде домаќин на МЗТ
Харден ја предводи најдобрата петорка во НБА-лигата за сезонава
Трајчевски: Работнички оди во Тетово да го осигура евронастапот

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести