период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Хроника
Датум: 10.01.2017, 16:46

Со шипка истепал соселанец

Жител на тетовско Боговиње завршил во болница кога бил претепан од соселанец, информира МВР. Станува збор за О.М.(51) кој бил претепан од С.С.(63), а против кого е поднесена кривична пријава за загрозување со опасно орудие при тепачка или караница.

Според полицијата, инцидентот се случил на 17 декември лани околу 9.30 часот пред куќата на С.С. во Боговиње. Тогаш во дворот влегол О.М. и без повод и причина му упатил навредливи зборови на сопственикот. Тој, пак, зел метална шипка и три пати го удрил соселанецот. Два пати во грбот, а еднаш во главата, по што О.М. паднал. Некои од соседите спречиле поголема тепачка, по што О.М. заминал во Kлиничката болница во Тетово, каде што по укажаната лекарска помош бил пуштен на домашно лекување.

#



Останати вести
Уапсен ограбувач на мобиларница
Уапсен Kосовец
Предизвикал сообраќајка, па извадил пушка
Пиштол и муниција украдени од автомобил
Kлиентите исполегнале на подот, а разбојникот самиот зел 70.000 денари од касата

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести