период од-до
  -  
ЕкономијаЕврорамаХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Сцена
Датум: 10.01.2017, 14:51

НОВА ПЕСНА НА ТЕА ТРАЈKОВСKА

„Рушевини“ е моја лична приказна

„Рушевини“ е новата песна на Теа Трајковска потпишана од докажаниот автор и продуцент Лазар Цветкоски. Нумерата во која специјален гостин е Панчо од аренби-дуото ДНK наскоро ќе биде промовирана со видеозапис, а младата пејачка се надева дека темата ќе го повтори успехот на нејзините претходни хит-рефрени „Ми треба малку време“ и „Ехо“.

- Пред еден месец влегов во студио со тетратка од лични приказни кои ми се случија изминатиот период. Така се роди „Рушевини“. За мене е голем комплимент што Панчо имаше желба и инспирација кога ја слушна песната, па се случи една спонтана одлична соработка - вели Трајковска.

Новиот проект Теа го најави со фотосесија. Пејачката позира во креации на дизајнерката Ивана Kнез, а фотографиите се дело на Ненад Тасевски.

#



Останати вести
Соработувам со вистински шпиони на ЦИА
Скопското трио „Планктонс“ на 27 јануари во МKЦ
„Ла, ла, ленд“ ја води трката со 11 номинации, „Пристигнување“ му е зад петици со 9
Ќе ја потсетам публиката на заборавените македонски песни

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
marioec, 10.01.2017 23:56:59
od kaj e sega ova?
Најнови вести