период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Датум: 26.12.2016, 12:33

АЛТЕРНАТИВА

Масло од кучешки трн - сојузник на вашето здравје и убавина

Бобинките на кучешкиот трн (лат. Hippophae rhamnoides) се користат илјадници години.

Во антички времиња за нивните лековити својства знаеле и Античките Грци, Тибетанците, Кинезите и Русите, па дури и Џингис-хан овие плодови им ги давал на своите војници за сила и издржливост.

Кучешкиот трн е мала грмушка полна со ситни, портокалови плодови, кои потекнуваат од Хималаите, а успеваат и во Европа и Медитеранот.

Ова растение е попознато како волчи трн, сибирски ананас.

Денес истражувањата покажуваат дека кучешкиот трн е корисен за лекување многу болести како што се замор, инфекции, кардиоваскуларни болести, проблеми со кожата, чир на желудникот, па дури и рак.

190 фитонутритиенти и биоактивни супстанции

Овие мали бобинки имаат уникатен и интересен состав, кој опфаќа 190 фитонутриенти и биоактивни супстанции.

Ги содржи речиси сите познати витамини и минерали, а е моќен антиоксиданс.

Маслото од кучешки трн има трипати повеќе витамин А од морковот, 10 пати повеќе витамин Ц од портокалот и најмногу витамин Е од сите плодови.

Овие бобинки се ризница на голем број други хранливи материи - каротеноиди, токофероли, фитостероли, фосфолипиди, антивоспалителни состојки како елагинска киселина, фолна киселина, флавоноиди и танини.

Дали сте знаеле дека кучешкиот трн е еден од најдобрите растителни извори на омега масни киселини?

Маслото од кучешки трн е единствено растително масло во светот, кое ги содржи сите омега масни киселини (3, 6 и 9), и многу ретките омега 7 масни киселини.

Тоа има идеален сооднос на омега 3 и 9 за човековото здравје, а дополнителна благосостојба обезбедува преку синергија на неговите состојки.

Многубројни придобивки
*Го подмладува телото
*Штити од стрес
*Помага при стомачни болеста
*Ги подобрува когнитивните вештини
*Го поттикнува губењето на тежината
*Го зголемува имунитетот
*Штити од сонце
*Помага при дерматитис, акни и псоријаза
*Ја храни кожата и косата
*Има антиканцерогени својства
*Ја обновува и подмладува кожата
*Помага при астма и болести на дишните патишта
*Ги ублажува симптомите на менопаузата, инфекции на уринарниот тракт и мочниот меур
*Ефикасно третира сува кожа, егзема, дерматитис, акни, псоријаза.
*Благотворно влијание врз третманот на изгореници од сонце и ја штити кожата од оштетување предизвикано од УВ-зрачење.
*Помага во намалување на мастите, прекумерен апетит и дијабетес 2
*Го ублажува синдромот на суво око и спречува конјунктивитис.
*Помага при гастритис, колитис, чиреви, дивертикулитис.
*Се користи за лекување сува кашлица, ларингитис, синуситис.
*Ефективен третман против артериосклероза, тромбоза и зголемен холестерол.
*Го урамнотежува имунолошкиот систем, против замор и стрес.
*Помага во побрзо заздравување на раните по операција и ги намалува несаканите ефекти од зрачење и радијација.
*Ја намалува сувоста и иритацијата на устата што може да биде резултат на земање на одредени лекови.

За слабеење

Маслото од кучешкиот трн е едно од најдобрите додатоци во исхраната за губење на тежината.

Омега 7 масните киселини имаат функција на телото да му сигнализираат да не ги користи вишокот калории од храната за создавање масни клетки.

Истражувањата покажаа дека внесувањето на омега 7 масните киселини го намалува апетитот бидејќи го зголемува нивото на хормонот холецистокинин (CCK), кој дава чувство на ситост. Се покажало дека ова масло е ефикасно и за распаѓање на постојните масни депозити бидејќи помага во формирање на ензимите што ги согоруваат мастите.

Помага во одржување на телесната чувствителност на инсулин, која е намалена кај дијабетес тип 2. Без разлика дали станува збор за вишок тежина, холестерол или други проблеми - посегнете по шишенцето со лековито масло од кучешки трн.

Масло, сок или сируп

Ова масло може да се користи на различни начини.
За внатрешна употреба се користи како масло, сок или сируп.
Препорачаната доза е 1-3 лажички сируп, 2 лажички масло или 28 свежи бобинки дневно.
Маслото се користи и за надворешна употреба, во третман на сува кожа, исип и повреди. Маслото се применува на погодената област еднаш или двапати дневно.
Не консумирајте го ова масло ако земате антикоагулантни лекови.
Чир на желудникот и дванаесетпрсното црево:
Возрасни и деца над 12 години.
Земете 1 лажичка масло, 2-3 пати на ден, 20 минути пред јадење.
Време на примена : 20-28 дена
Несакани ефекти на радијација и хемотерапија во третманот на рак:
Земете половина супена лажица 2-3 пати на ден.
Маслото ја подобрува размената на липиди на црниот дроб и штити од хемиски оштетувања предизвикани од лековите.
Времето на примена е 2-3 недели. Постапката може да се повтори по 4-6 недели.
Проблеми со кожата (акни, пигментација, псоријаза, дерматитис):
Маслото се применува директно на кожата (само на местата што треба да се третираат).
По 15 минути отстранете го вишокот масло со памук.
Директно на кожата може да се применува само масло од бобинки, кое е ладно цедено!
Времето на дермална примена на третманот е 4 недели. Постапката може да се повтори по 4 - 6 недели.

(Е.Т.Е.)

#



Останати вести
Неколку знаци дека страдате од празничен стрес
Супите и медот - здрава увертира на зимското мени
Продолжениот режим на хормонална контрацепција го одложува месечното крвавење
Масла и маски го намалуваат целулитот
Ублажете ги симптомите со кромид, жолчка и банани
Босилек за здраво срце

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести