период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Економија
Датум: 10.01.2017, 15:00

НАЈНИСKО НИВО

Kинеските девизни резерви паднаа на 3,01 билиони долари

Девизните резерви на Kина продолжија да се намалуваат и во декември, иако со побавно темпо од претходните месеци. На крајот на минатата година тие беа блиску до најниско ниво во последните шест години, но над критичните 3 билиони долари поради обидите на Пекинг да го стабилизира јуани.

Стравувања од нова девалвација

 Централната банка најави помал од очекуваниот пад на девизните резерви - тие се намалиле 41 милијарда долари - на 3,01 билиони. Анкета на „Ројтерс“ покажува дека прогнозите на аналитичарите биле за пад од 51 милијарда долари. Во ноември намалувањето беше поголемо и изнесуваше 70 милијарди долари.

Пазарите стравуваат од брзината со која Пекинг ги троши резервите за заштита на јуанот и да го совлада истекот на капитал од земјата. Ако притисокот врз кинеската валута продолжи, Пекинг сигурно ќе ги заостри дополнително излезните текови преку административни и регулаторни мерки, пишува „Ројтерс“.

Напорите на Kинеската централна банка за стабилизација на валутата е главната причина за пад на резервите во 2016 година од 3,3 билиони на малку над 3 билиони долари.

Ако девизните резерви на Kина продолжат да се топат со брзо темпо, владата нема да има друг избор, освен да пристапи кон уште една еднократна нагла девалвација како онаа од летото 2015 година. Ова сигурно ќе доведе до дополнителни тензии во администрацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп, истакнува агенцијата.

Дополнителни мерки

Во последните неколку недели Kина вложува дополнителни напори за да се зајакне националната валута и да ги ограничи појдовните капитални текови. На крајот на ноември минатата година владата презеде мерки, меѓу кои и сложени процедури за одобрување испраќање пари надвор од земјата. Целта е да се поддржат кинеските резерви во странски валути по период на невиден одлив на капитал, кој го собори курсот на јуанот над 6 отсто во однос на доларот во 2016 година.

Процедурите им го отежнаа бизнисот на многу мултинационални компании оти дури и рутинските бизнис-операции, како што се исплата на дивиденди во странство, станаа комплицирани.

Податоците за намалување на резервите доаѓа во момент кога инвеститорите се обидуваат да прогнозираат каде ќе тргне јуанот по ненадејното поскапување на валутата минатата недела. Минатата година офшор-јуанот (со кој се тргува во странство) поевтини 5,8 отсто во однос на доларот, а во Kина локалната валута загуби 6,6 отсто приближувајќи се до најниско ниво во последните 8 години. Учесниците на пазарот го следат повеќе офшор-јуанот бидејќи трговијата со него е помалку под влијание на контролата на Пекинг.

Минатата недела офшор-јуанот поскапе 2,6 отсто за два дена - најголем дводневен пораст во однос на доларот од создавањето на валутата во 2010 година, а курсот на т.н. офшорен јуан достигна највисокото ниво во последниот месец.

#



Останати вести
Четири нови електрични локомотиви ќе сообраќаат на македонските пруги
Преку паметен телефон на интернет се поврзуваат 81 отсто од македонските корисници
За пет години во странство префрлени добивки и дивиденди вредни 1,137 милијарда евра
Над една четвртина помалку туристи лани го посетиле Истанбул
Италија заплени имот вреден 23 милиони евра од поранешни директори на „Монте деи Паши“
„Роснефт“ ќе управува со 12 отсто од германскиот рафинериски бизнис
Тунис итно бара пазари за повеќе од 550.000 тони портокали

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести