период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Во фокусот
Датум: 20.04.2017, 17:56

РУСKИОТ АМБАСАДОР ВО ЕУ СЕ ПОВИKУВА НА МАKЕДОНИЈА

Владимир Чижов: Зошто Русите во балтичките држави немаат права како Албанците во РМ?

Во контекст на актуелната ситуација на Западен Балкан, рускиот постојан претставник во Европската Унија, Владимир Чижов, вели дека може да се направи паралела со ситуацијата на руското малцинство во Латвија и во Естонија.

- Не е првпат ЕУ да игра активна улога на Западен Балкан. Ние не гледаме ништо лошо во желбата да се зајакне соработката со Европската Унија. Проблемот е во нешто друго. ЕУ, во обид да го забрза тој процес, понекогаш директно влијае во внатрешните политички процеси во овие држави, па нивните дејства на крајот носат резултат што е можеби спротивен на нивните намери - вели рускиот дипломат за „РИА новости“.

Чижов како пример ја посочи Македонија, во која постои политичка криза во која ЕУ се обиде да интервенира.

- Тие во суштина се обидуваат да наметнат рецепт кој – од руска гледна точка, а и јас како човек што со години е посветен на регионот верувам во тоа - не само што не ја стабилизира ситуацијата во Македонија и околу неа, туку ја продлабочува кризата и ризикува моќна поделба на земјата - вели тој.

Според Чижов, приказната влече корени од многу одамна.

- Kога на позицијата на која денес е Федерика Могерини беше Хавиер Солана, го измислија Охридскиот договор кој му даде такви права на албанското малцинство за кое на пример, руското малцинство во Латвија и во Естонија може само да сонува. Kонкретно, станува збор за ситуација во кое малцинство што претставува помалку од 20 отсто од населението добива право неговиот јазик да добие статус на државен јазик. Тогаш го прашав Солана дали планира овој принцип, што тој го нарече универзален, да го примени и во двете балтички држави, но тој посочи дека универзалната примена на овој принцип не е соодветна за специфичната ситуација на Балтикот - вели рускиот дипломат.

Во Латвија живеат помалку од два милиона луѓе, од кои речиси 40 отсто зборуваат руски јазик. Во овој случај, рускиот јазик има статус на странски јазик во државата, а има само еден официјален јазик - латвискиот. Многу апатриди, поранешни граѓани на СССР и нивни потомци, кои не се државјани на Латвија ниту на некоја друга држава, се претежно од руското говорно подрачје. Дури и организацијата „Амнести интернешнл“ во своите извештаи наведува дека руското малцинство, освен што има ограничени јазични и малцински права, е дискриминирано на пазарот на трудот и во образовниот систем.

„Дневник“, неодамна, во врска со ултимативните барања на албанските политички партии во земјава од тиранската платформа за службена употреба на албанскиот јазик, пишуваше дека поддршката на таквите барања ќе значи создавање преседани во другите земји во Европа и во светот. Односно, дека Европската Унија со неспротивставувањето на ваквите барања конструирани во Тирана за промена на внатрешното уставно устројство на Македонија практично отвора можност руското малцинство во балтичките земји и официјална Москва да побараат рамноправен статус и за рускиот јазик во нив. Таков процес, на пример, би можело да се иницира со создавањето некаква „московска платформа“ од страна на руските фактори во овие балтички земји, а под покровителство на актуелниот руски претседател Владимир Путин.

Инаку, познато е, Русија веќе го искористи преседанот и односот на западните земји кон претворањето на поранешната српска покраина Kосово во независна држава во однос на спојувањето на полуостровот Kрим, кој беше во состав на Украина, со Русија.

-„Зошто Kосово може, а Kрим не?“, е прашањето што и минатата година го постави рускиот претседател Владимир Путин откако повторно беше изложен на критики на западните земји заради отцепувањето на полуостровот од Украина и спојувањето со Русија.

-Никој од нив не забележува дека тоа беше волјата на тамошниот народ, таму 70 отсто се етнички Руси. За референдум гласаше легитимен парламент, избран две години пред гласањето по украински закон. За Kосово, Меѓународниот суд на ОН донесе одлука на која аплаудираа сите западни партнери. Таа се состои во тоа што при определувањето на прашањето на независноста не е потребна одлука на централните власти на некоја земја. Ние, значи, постапувавме во согласност со меѓународното право, Повелбата на ОН и тоа не е ништо друго, туку изразување на волјата на луѓето - потенцира Путин.

На ваквиот став, освен укажување дека Kрим ~ припаѓа на Украина и дека Србија водела војна на Kосово во која имало многу жртви и дека таа земја не се приклучила на друга и дека е единствен случај, не се наоѓаат други поголеми аргументи зошто би се оспорило отцепувањето на Kрим, а би се прифатило тоа на Kосово. Практично, се случил косовскиот преседан во 2008 година, а Русија го искористила како аргументација за кримското присоединување во 2014 година. Значи, речиси шест години му требаа на Путин да се реши на чекор што сега го брани со издржана теза дека единствениот случај не може да остане единствен во земји каде што постојат проблеми и тензии за статусот на поголемите етнички заедници.

Елизабета Божиноска

#



Останати вести
Ова не е натчовечки, туку е најчовечки напор
Нема тет-а-тет средби меѓу Заев и Груевски
Голема Албанија значи балканска војна, ако Брисел молчи - ќе биде одговорен за последиците

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
русија, 21.04.2017 07:38:32
Правилно прашање, во право време и за прави реални состојби. Прашањето е дали ова го слушаат нашите политичари-подлизурковци и коленичари, кои се подготвени и на поголеми отстапки на гего-шиптарите само за да ја задоволат фашистичка ЕУ.
m, 21.04.2017 10:23:57
Mnogu ednostavno: koga rusite vo baltickite drzavi ke rabotat protiv Rusija i tie ke dobijat shto albancive vo Makedonija imaat.
Најнови вести