период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Спорт
Датум: 15.01.2017, 15:09

ТЕНИС – АВСТРАЛИЈА ОПЕН

Ѓоковиќ: Во Мелбурн ќе играм за титулата

Новак Ѓоковиќ и Серина Вилијамс се главните фаворити за освојување на титулите на првиот гренд слем годинава, „Австралија опен“, кој почнува денеска. Тие се фаворити за освојување на титулите, иако битката ја почнуваат како второрангирани на светските ранг-листи, па се и втори носители. Според обложувачниците, тие се најверојатните победници, иако Енди Мари и Анжелик Kербер се први носители на турнирот во Мелбурн.

Мари прв пат ќе настапи на „Австралија опен“, како прв носител, откако минатата година се избори за врвот на АТП-листата. Мари го победи Ноле во финалето на финалниот АТП-турнир во Лондон, а Србинот се одмазди откако го победи Британецот на турнирот во Доха, пред стартот на „Австралија опен“.

- Во Австралија ќе настапам за да победам, инаку не би ни одел – изјави актуелниот носител на титулата Ѓоковиќ, кој има вкупно шест победи во Мелбурн. Мари изгуби против Србинот во финалните мечеви во Мелбурн во 2011, 2013, 2015 и 2016, а претходно во 2010 изгуби и од Федерер. Но, тој е еден од фаворитите за титулата годинава, заедно со Ѓоковиќ, затоа што другите двајца од големата четворка, Роџер Федерер и Рафаел Надал, моментно 18. односно 7. на АТП-листата, се далеку од своите добри игри.

Серина во женскиот дел е гладна за победа на „Австралија опен“, но Анжелик Kербер, која е бранителка на титулата од лани, има свои планови. Kербер е актуелен број еден и, покрај Американката, фаворитка за титулата. Што се однесува до другите, можно е во битката за врвот да се замешаат Агњешка Радванска, Симона Халеп и Kаролина Плискова.

 

Ѓорческа не стаса на главната сцена

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да се пласира на главниот турнир од првиот сезонски гренд слем „Австралија опен“, откако во 3. квалификациско коло загуби од првата носителка во квалификациите, Швајцарката Стефани Вогел.

Ѓорческа, која е на 206. место на ВТА- листата, загуби во три сета од 114. швајцарска тенисерка Вогел со 2-1 (6-4, 3-6, 2-6 ).

#



Останати вести
Вардар загуби од Будуќност на стартот од регионалната женска лига
Kарпош и МЗТ со победи се загреваа за меѓусебната пресметка во АБА-лигата
Стоилов: Не е важно како, туку да ја победиме и Словенија

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести