период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Свет
Датум: 16.02.2017, 17:00

Запалени згради и нападнати полицаЈци

Протестите за силуваното момче се преселија во центарот на Париз

Распространетите немири во предградијата на Париз во средата вечерта се префрлија и во централниот дел на градот кога стотици лица беснееја поради наводното силување млад црнец од страна на француската полиција. Меѓу демонстрантите имаше многу антифашисти, анархисти, кои запалија светлосни ракети и контејнери за ѓубре. Потоа тие започнаа со фрлање шишиња и други проектили против полицијата, која одговори со сила и солзавец. Полицајците беа принудени да употребат солзавец над бесната толпа откако беа запалени згради и канти за ѓубре околу метро-станицата „Барбе“, која е во близина на Северната станица. Во немирите беа нападнати полицајци и беа ограбени продавници, пренесе британски „Експрес“.

- Прозорците беа скршени и полицајците нападнати. Мали групи демонстранти што носеа качулки за да си го скријат идентитетот предизвикуваа неволји и потоа бегаа. Се направи с` за да се растера толпата, но ова може да трае долго време - објаснува полицаец кој бил на местото на настанот.

Полицијата процени дека на протестите биле присутни околу 400 лица. Француски „Локал“ пренесе дека демонстрантите носеле знаци на кои пишувало „Правда за Тео“ и извикувале „Сите ја мразат полицијата“ и „Полицајците се расисти“. Протестот од средата вечерта беше илегален бидејќи полицијата не сакаше да издаде дозвола за негово одржување. Областа каде што се одржа последниот протест е во близина на базиликата Сакре Kер во областа Монмартр, која е многу популарна кај туристите.

- Протестирам против неправдата и расизмот во системот. Неправда постои зашто млад човек беше силуван од луѓе што се нарекуваат претставници на силите на редот и мирот. Полицијата и судството тврдат дека не бил малтретиран, што е невиден скандал. И политичките партии ги поддржуваат нив, неприфатливо е ова - велат демонстрантите.

Во Руан протестот на речиси 150 луѓе резултира со судири со силите на редот, при што две лица беа повредени, а 21 уапсен. Во Рен приближно 120 демонстранти маршираа низ центарот во доцните попладневни часови, а инциденти се забележани во Тулуз и Лил. Тензиите во предградијата на Париз започнаа од 2 февруари кога момче идентификувано само како Тео беше претепано и наводно силувано. Тео рече дека бил силуван со пендрек и дека бил тепан околу гениталиите и навредуван на расна основа.

Неименуван полицаец беше обвинет за силување, уште тројца беа обвинети за напад, а Тео беше хоспитализиран. Тој итно беше опериран и беше посетен од претседателот на Франција, Франсоа Оланд. Оттогаш се напаѓаат полициски станици и автомобили. Прелиминарната полициска истрага посочува дека нема доволно докази за да се поддржат наводите за силувањето.

#



Останати вести
Данците не смеат да станат малцинство во Данска
Во Холандија може да се вратат најмалку 80 деца-џихадисти
Флин е жртва на смислено политичко убиство на разузнавачите

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести