период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Метропола
Датум: 10.01.2017, 16:49

Мичуринска средба за Василица

На платото во паркот во населбата Мичурин в петок, во 19 часот, ќе се одржи централниот настан на традиционалната манифестација Мичуринска средба.

Организатор на оваа 21. средба е Здружението на граѓани „Мичуринска средба“, со поддршка од Општина Аеродром.

На прославата на големиот православен празник Свети Василиј, меѓу народот познат како Стара нова година, ќе се одржи богата музичка програма и неизбежното кршење на традиционалната погача со златна паричка и изборот на нов кум на средбата. За присутните ќе се послужуваат топол чај, сокови, греена ракија и сендвичи, а крајот ќе биде означен со голем огномет.

Во рамките на годинашната Мичуринска средба е предвидена и детска програма, која ќе почне од 17 часот. Во одбележувањето на празникот Василица ќе се придружи и скопскиот градоначалник Kоце Трајановски, како и минатогодишен кум, кој треба да го предаде кумството.

#



Останати вести
Продолжува чистењето на снегот
ПОЦ отвори преноќевалиште во гаражата „Судска палата“
Со мобилен плаќаат билет само корисниците на „Телеком“, наскоро и тие на „Вип“

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести