период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Економија
Датум: 16.02.2017, 17:55

ПАЗАРНА ИНСПЕKЦИЈА

Имињата на фирмите казнети за лажни попусти остануваат непознати

Имињата на фирмите што беа казнети за лажни попусти остануваат непознати за јавноста. Пазарниот инспекторат останува на ставот дека не може да одговори на барањето на „Дневник“ за информација за кои продавници станува збор, бидејќи против нив се водат постапки пред надлежните судови. Ваквиот одговор од нивна страна доаѓа и по барањето на весникот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Во инспекторатот велат дека објавувањето на имињата би можело да има штетни последици за постапките што се водат против фирмите.

- Во случајот се работи за предмети за кои се водат постапки пред надлежните судски органи, а давање повеќе информации би имало штетни последици за текот на постапките. Kонстатираните прекршоци се однесуваат за физички неиздвоена стока што е на распродажба од другата стока - велат во Инспекторатот. Според нив, во еден случај, трговецот не ја истакнал цената согласно одредбите од Законот за заштитата на потрошувачите.

Во инспекторатот велат дека во последниот квартал од 2016 година направиле 115 инспекциски надзори.

Според нив, ако Државниот пазарен инспектор при вршење инспекциски надзор констатира неправилност во делот на намалувањето на цените, согласно Законот за заштита на потрошувачите ќе води прво постапка на едукација.

- Ако субјектот на надзорот, односно правното лице не постапи по едукацијата во законски рок од 8 дена, инспекторот ќе почне со водење прекршочна постапка. Глоба од 700 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице, односно трговец поединец и глоба од 30 отсто од одмерената глоба на правното лице - велат во Инспекторатот. Од нивна страна велат дека инспекциските надзори се вршат согласно Законот за заштита на потрошувачите.

Во трговските центри и во бутиците во ек е распродажба на зимските колекции, барем ако се суди по плакатите на излозите за тоа колкаво е намалувањето на одредени производи. Дел од продавачките во бутиците велат дека имаат понуда на артикли со попуст истакнат на излогот, а други не коментираат ништо и оставаат потрошувачите сами да донесат одлука дали попустите се лажни.

Според Законот за заштитата на потрошувачите, намалувањата на цените треба да бидат реални и вистинити и мора да бидат изразени во износ или во проценти. Битен елемент кај намалувањето на цените е претходна цена. Трговецот треба да ја применува 30 дена пред почнување на распродажба на производите и мора да бидат назначени и старата и новата цена (или процентот на намаление до видливата стара цена, која може да биде и пречкртана).

Трговецот мора физички да ги одвои производите што се ставени на распродажба од производите што не се на распродажба и јасно и на видно место да истакне натпис дека се работи за распродажба.

Валентина Ангеловска

#



Останати вести
Само 11 земји со одличен рејтинг за своите државни обврзници
Франција, Германија и Италија бараат дозвола за блокирање кинески преземања во ЕУ
Украина прогласи вонредна состојба во енергетиката
„Тиквеш“ исплати над 60 отсто од откупеното грозје од последната берба
Државата од даноци лани собрала 1,153 милијарда евра, 6,5 отсто повеќе од претходната година
За пет години од извоз на злато во земјава влегле 1,7 милион евра

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести