период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Економија
Датум: 11.01.2017, 14:57

УЛТРАБРЗ РАЗВОЈ НА ПРОЕKТОТ

До крајот на годината првите количини гас од наоѓалиштето „Зохр“ на Медитеранот

Гасното наоѓалиште „Зохр“ крај бреговите на Египет беше отворено во средината на 2015 година, а експлоатацијата на гас од него може да започне уште на крајот на оваа година. Ултрабрзиот развој на проектот беше потврден на состанокот меѓу претседателот на италијанската „Ени“, Kлаудио Дескалци, и претседателот на Египет, Абдел Фатах ел Сиси.

Разговорот меѓу двајцата се одржа на 4 јануари во Kаиро, соопштуваат од прес-центарот на италијанскиот енергетски гигант.

За време на состанокот во египетската престолнина биле разгледани плановите за работа на „Ени“ оваа година. Во 2016 година италијанската компанија инвестира 2,7 милијарди долари во Египет. Италијанската компанија е присутна во земјата од 1954 година преку својата сестринска фирма ИЕОЦ.

Односите меѓу Италија и Египет сепак се доста ослабени на институционално ниво. Во април Рим го повлече својот амбасадор во Kаиро во знак на протест поради бавната истрага за смртта на италијанскиот истражувач во земјата. Во декември функцијата премиер на Италија ја презеде поранешниот министер за надворешни работи во кабинетот на Матео Ренци, Паоло Џентилони, кој веќе коментираа дека контактите меѓу обвинителствата на двете земји се подобруваат и Италија повторно ќе има амбасадор во земјата.

Замрзнатите контакти меѓу Италија и Египет сепак не ја попречуваат работата на „Ени“. Kомпанијата е дел од конзорциумот што ќе го развива „Зохр“. Во средината на декември на него се приклучува и руската „Роснефт“.

Наоѓалиштето е едно најголемите во Средоземното Море. Процената е дека полињата располагаат со речиси 850 милијарди кубни метри природен гас. Тоа може да се покаже како решавачко во плановите на ЕУ за диверзификација на патиштата и изворите на енергија.

#



Останати вести
НБМ ја намали основната камата втор пат за еден месец
Македонската економија годинава ќе порасне 3,3 проценти, в година 3,7 отсто
Просечната плата во Скопје речиси 26.000 денари, во источниот регион пониска 10 илјади
Саудиска Арабија ги намалува буџетските трошоци за 20 милијарди долари
Макрон: Еврото е дефектно и може да не постои по 10 години

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести