период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Сцена
Датум: 20.03.2017, 15:14

НА САЕМОТ ЗА ВЕНЧАНИЦИ

Лила, Јована и Симона блеснаа како невести

Познати лица од ТВ–екраните и пејачки носеа венчаници на македонските дизајнери и брендови на традиционалниот Саем за венчавки кој се одржа викендов во хотелот „Александар палас“.

Водителката Лила Стојановска носеше модел од новата колекција на модната куќа „Елена Лука“. Нејзината колешка Јована Стојменовиќ се појави во креација на Антонија Ристовска. Пејачката Симона Поповска беше облечена во модел „МKотур“.

Стојановска, која двапати досега била невеста и во оваа пригода не го криеше задоволството што се појавува во улога на модел.

- Во моделите на „Елена Лука“ секогаш се чувствувам посебно, особено кога станува збор за нивна венчаница бидејќи, за среќа, не ја носам првпат. Се чувствувам посебно. Венчалниот фустан за мене е најважниот момент за една дама која решила да стапи во брак и да прави свадба – изјави водителката.

На ревијалниот дел од Саемот за венчавки се појавија и други познати дами кои блеснаа во венчаници од познати македонски дизајнери и брендови и предизвикаа одушевување и бурен аплауз кај публиката.

Дел од нив беа Марјана Станојковска која се појави во венчаница од Марта Бридал, Рената Kралевска со креација од „Драма“. Симона Станковска носеше модел на „Пепика ателје“, актерот Зоран Љутков на „Тивес“. Малата Симона Николовска беше облечена во модел на Маја Деспотовска, Сара Мејс во „Бјанка“, Љубица Јаневска во „Биљана“. Светлана Црнокрак се појави во креација на Елизабет и Влатко Kузмановски во „Сигнори“.

Идните невести кои беа дел од публиката, по ревијата имаа можност да ги посетат штандовите и да одберат креација што совршено одговара за нивната свадба.

- Овој настан е особено значаен за секоја идна невеста. Нуди можност да го одберете најдоброто за вас, без да губите време шетајќи низ продавници подолг период. Веќе одбрав неколку модели на венчален фустан кој мислам дека се скроени за мене - вели Симона Р. од Скопје, која беше дел од публиката присутна на манифестацијата.

Од понудата на венчаници беше видливо дека нашите дизајнери ги следат светските трендови, но го задржале својот печат во изработката на моделите. Тоа што значи карактер во дизајнот, а е соодветен на нашето македонско поднебје.

(С.А.Н.)

 

#



Останати вести
Уживам со моите близначки
Спот за темата „Гласно“ потпишан од гитаристот на бендот
„Kуку леле“ ја сними „Рома романтика“

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести