период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Отворена
Датум: 19.05.2017, 18:23

В ЛИЦЕ

Македонија меѓу кафе на Земјата и кафе со Јосип Броз

Дарко ЈАНЕВСКИ

Главна тема деновиве е мандатот што Зоран Заев го доби од претседателот Иванов за формирање влада. И додека се занимаваме со тоа, од вид ни се изгуби еден од клучните проблеми кој претставува основа за натамошното уривање на државата - изборот на Талат Џафери. Еден класичен и чист случај од уставен и од кривично-правен аспект за кој не е спорно дека постојат стотици илјади, ако не и повеќе од милион сведоци. Kако што не е спорно и дека Џафери е избран на седница која никогаш не постоела и не се одржала, потоа дека никој не изброил колку гласови добил, иако ако седница не постоела, тогаш не е ни битно кој колку гласови добил на некој неформален собир на пратеници. Не е спорно и дека не постои записник, не постојат стенограми, дека на фалсификувната одлука за избор на Џафери е потпишан заменик претседавачот Мисовски кој никогаш не бил избран за заменик-претседавач и како што не е спорно и дека не постои релевантна и легална документација врз основа на која е извршен објавата во „Службен весник“.

Сето ова досега требаше да предизвика реакција како од Уставниот суд така и од Јавното обвинителство зашто, на една страна, е сторениот фалсификат, на друга, фактот дека овој фалсификат не завршува тука, туку со себе повлекува нелегалност на сите натамошпни дејства на Собранието. Тоа уште повеќе ја комплицира работата бидејќи не се работи за тоа дека некое дете ја преправило оценката на тест за да не го караат, туку за законодавна власт која се подготвува да ја избере и владата. Kој ќе стави потпис на таа седница? Талат Џафери?

Така што институционалното нереагирање на фалсификуваниот избор на Џафери очигледно има цел сите да н` доведе до ситуација кога непоништувањето на таа одлука ќе се правда со предизвикување тешки последици. На пример, дури и ако се премости пречката со дилемата за општ или поединечен акт (а самиот Уставен суд веќе еднаш се изјасни дека одлуките на Собранието ги третира како пропис, односно како општи акти подложни на уставно-правна оценка од негова страна), ќе се соочиме со дилемата - зар сега треба да биде поништен и изборот на владиниот состав?

Се разбира, дилеми не треба да има зашто беззаконието е беззаконие, но кај нас с` е можно. Настрана што обично се среќавате со лаичкиот одговор - да, но Џафери пак ќе биде избран. Што отприлка значи како некому да кажете дека во држава во која постои смртната казна, сеедно е дали некого ќе го убие државата преку судски процес или тоа ќе биде сторено на улица.

Патем, во Kосово пред некоја година имало спор за изборот на претседател на тамошниот парламент и косовскиот Уставен суд експресно реагирал со привремена мерка со која го запрел важењето на одлуката за избор. Ова колку да ни ги разбие дилемите дека ние сме некаква поорганизирана држава дури и од Kосово.

Тоа е едната страна од дилемата. Другата е дека независно од Уставниот суд, ништо, освен политиката, се разбира, не го спречува Обвинителството паралелно и од кривично-правен аспект да го санкционира фалсификувањето на документите за избор на Џафери. Фактот што досега и тоа молчи, јасно ја покажува идејата за покривање на создадената Македонија на диво. Што е целта на сето ова?

Имено, ако внимателно се следи линијата, ќе се види дека еве веќе трета година се работи на создавање паралелна држава. Најпрвин во правниот систем ги внесоа нелегалните снимки, сеедно што тие с` уште не служат како доказ во судската постапка. Потоа создадоа неуставно специјално обвинителство, па го потиснаа Уставниот суд, кој не смееше да го преоцени неговото формирање, ни одложуваа два пати веќе закажани избори, при што вториот пат дополнително го репресираа Уставниот суд кој донесе одлука спротивна на самиот себе (што сега му послужи на Тодор Петров за оспорување на изборот на Џафери), па ни создадоа сомнителни од демократски аспект изборни тела за на крајот да добиеме и избори на кои македонските партии и гласачи беа статисти, а гласањето го водеа и менаџираа неколку странски амбасади и службите на земјите што тие ги претставуваат. Финале на сето ова е нелегалниот избор на претседател на законодавната власт (со сите ѓурултии во меѓувреме почнувајќи од тиранската платформа), што со себе ќе повлече и нелегален избор на влада и нелегалност на сите прописи и одлуки на кои ќе стои потпис на Џафери. Сето ова собрано заедно, всушност, покажува дека во овие години, со наша обична помош и сесрдна помош, е извршена демонтажа на Република Македонија и е создадена нова држава, држава која функционира како гранапче без фискална каса - на диво. Се разбира, во меѓувреме бизнисот на гранапчето тече, па кој оди по улици - оди, кој си тера работа - си тера, но тоа не го менува фактот дека се работи надвор од правниот промет со една документација за инспекторите, а сосема друга за себе. Односно, во случајот со Македонија веќе не постои ни двојна документација, туку постои само онаа што е надвор од легалната и тој факт не го менува никаква објава во „Службен весник“. Таму, впрочем, можете да објавите и дека Јосип Броз Тито е жив, но тоа не значи дека со човекот можете да испиете кафе, освен ако, не дај боже, му се придружите.

Така што додека ние се плашевме и се плашиме од Илирида како паралелна држава создадена на дел од територијата на постојната Република Македонија, ни создадоа паралелна држава на територијата на цела Република Македонија. Тоа не значи дека Илирада заминала во историјата, напротив, таа ќе послужи како дополнително оружје доколку некому му падне на памет нешто премногу да мудрува, но факт е дека во овој момент се работи на целосно исчезнување на Македонија, во што Илирида може да помогне доколку планот не оди како што треба. Тоа е всушност и предлогот до нас за тоа како да се реши спорот со Грција - така што ќе ја снема Македонија. Ако ја нема Македонија, тогаш ќе нема ни спор. Проблемот е што не досега мислевме дека целта е да ни биде сменето само името. Овде очигледно се работи за чекор понапред и чекор повеќе од тоа - не само да биде сменето името, туку и на таа структура со сменето име да и се уништи можноста воопшто да функционира како држава. Од таа точка до точката кога Илирада ќе констатира дека сега е моментот да се напушти руинираната куќа, патот е извонредна краток. Затоа, за да се продолжи таа патека, време е работите да се стават во рамка. Не охридската, туку таа што ја имаме. И ова го повторувам веќе трета недела. Зашто ако на крајот испадне дека и иницијативите и кривичните биле поднесени само колку да се замајува народот, ќе биде навистина сериозно гадно.

#



Останати вести
Гaфовите и блефовите на нашиот Бошко Буха
Сдсмовците допрва ги очекуваат разочарувања
ДЕМОНкрати ми се закaнуваат дека ќе ме убијат!

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести