период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Економија
Датум: 10.01.2017, 15:06

ЛОША ТУРИСТИЧKА ГОДИНА

Над една четвртина помалку туристи лани го посетиле Истанбул

Бројот на странските туристи во Истанбул минатата година е намален повеќе од четвртина во однос на оној во 2015 година, пишува „Хуриет дејли њуз“ повикувајќи се на податоци на регионалната служба на Министерството за култура и туризам во Истанбул.

Во 2016 година 9,2 милиони туристи од странство го посетиле градот, што е најголем пад на годишна основа од 2000 година.

Најголемо намалување е регистрирано во јуни, -35,2 проценти, во споредба со истиот месец од 2015 година.

Најголем пад има кај бројот на туристи од САД, Ирак и од Русија. Повеќето странски туристи во Истанбул минатата година се од Европа (3,9 милиони) и од Блискиот Исток (2,3 милиона).

Најмногубројни посетители се Германците - 10,9 отсто од вкупниот број на странските туристи, а следуваат Иранците (7 отсто), Саудијците (5,2 отсто), Британците (4 отсто), Французите (3,9 отсто), Американците (3,5 отсто) и Русите (3,2 отсто), покажува уште официјалната статистика.

Туризмот во земјата е погоден од неуспешниот обид за државен удар, нападите од Исламската држава и оние на курдските бунтовници.

Во 2014 година Турција беше шестата најпопуларна туристичка дестинација во светот, исто како и Италија, кои ги посетуваа по 40 милиони туристи годишно.

Туризмот претставува околу 5 отсто од турската економија, а според Светскиот патнички и туристички совет, оваа индустрија вработува над 2 милиона луѓе или 8 отсто од работната сила во земјата.

#



Останати вести
Четири нови електрични локомотиви ќе сообраќаат на македонските пруги
Преку паметен телефон на интернет се поврзуваат 81 отсто од македонските корисници
За пет години во странство префрлени добивки и дивиденди вредни 1,137 милијарда евра
Италија заплени имот вреден 23 милиони евра од поранешни директори на „Монте деи Паши“
„Роснефт“ ќе управува со 12 отсто од германскиот рафинериски бизнис
Тунис итно бара пазари за повеќе од 550.000 тони портокали
Kинеските девизни резерви паднаа на 3,01 билиони долари

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести