период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Омнибус
Датум: 11.01.2017, 16:10

Принс имал златни прачки вредни над 800.000 долари

Американскиот музичар Принс немал акции и други хартии од вредност, но имал значителен број златни прачки во вредност од над 800.000 долари, соопшти осигурителната компанија „Бремер траст“, која управува со имотот на починатиот пејач. Kако што пренесува весникот „Стар трибјун“ од Минеаполис, кој прв ја објави процената на најголемиот дел на имотот на Принс, компанијата „Бремер траст“ наведува дека музичарот, кој почина во април минатата година од прекумерна доза лекови, имал 67 златни прачки од по 10 унци (284 грама) во вредност од 836.166 долари.

Не е познато кога Принс ги купил златните прачки, но цената на златото од 2000 година се зголеми од помалку од 300 долари за унца, на над 1.800 долари во 2011 година, а во понеделникот цената се врати на 1.180 долари. Принс имал и недвижности во вредност од 25,5 милиони долари и 110 милиони долари во готовина или на банкарски сметки. Тој не оставил тестамент.

Kомпанијата „Бремер траст“ треба да ја утврди и вредноста на преостанатиот имот на Принс, вклучувајќи ги и необјавените песни, уметничките дела и музичките инструменти.

Принс почина ненадејно на 21 април минатата година во 57 година, од прекумерна доза на лекови против болки врз основа на опијати. Пејачот познат како „детето од Минеаполис“ беше еден од најголемите музичари во 80 и 90 години, со хитовите како што се Cream или Kiss, во кои ги мешаше гитарските рифови со поетски строфи во ритамот на фанкот.

Многумина сметаат дека неговиот најголем хит е Purple Rain, за кој доби „Оскар“ за оригинална песна во истоимениот фил од 1985 година.

#



Останати вести
Мирко и волкот Вуле не можат без муабет
Сурутка „митован“ за здравје и во староста
Најстарото вино е од 350 година пред Христа
Писмата на Александар Хамилтон на аукција во Њујорк
Збогум кариес, забите сами ќе се поправаат со лек за деменција

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести