период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Омнибус
Датум: 11.01.2017, 16:13

И животните се одлиЧни актери

Мирко и волкот Вуле не можат без муабет

Мирко Сирковиќ умее да ги наведе животните да глумат подобро од луѓето и толку е добар во тоа што неговите „ученици“ во изминатите 5,5 децении настапиле во повеќе од 400 филма, серии и претстави од домашна и странска продукција.

Низ неговите раце поминале илјадници животни, а најмногу го сакал гавранот Гаша. Сега негов миленик е волкот Вуле, кој настапил во десетици филма, реклами и спотови.

- Мојот прадедо имаше свој тотем. Тоа беше шумски волк. По парењето во заробеништво, задржа еден волк, а другите мораше да ги уништи. Беше многу упорен. Веќе 88 години прадедото, дедо ми, татко ми и јас работиме на нивниот карактер - објаснува 67-годишниот Мирко Сирковиќ.

Овој дресер поради својата работа е баран надвор од Србија. На неговиот имот во Добановци близу Белград секој ден храни над 150 миленици. Припитомил коњи, волци, соколи, јастреби, папагали, овци, магариња, гулаби, кои со младешка страст ги подготвува за настап на големиот екран. Хармонијата со животните се чувствува на секој чекор од четири хектари големата фарма. Најмногу простор за игра и дресура има за кучињата. На секое Мирково движење ја извршуваат командата. Тој најмногу сака да работи со волчјаци и шарпланинци.

- За да се стекнат доверба и љубов од едно животно, треба да се разговара со него барем една минута секој ден. Тоа значи дека им се обраќам, па ќе ги погалам или ќе им зададам некаква команда. Оваа работа бара 24-часовна посветеност. Затоа вклучени се сопругата Мира и двата сина - вели Мирко.

Тој по професија е сообраќаен инженер, кусо време бил државен службеник, но не се пронашол себеси таму. Поважни му биле емоциите кон милениците и некако нашол начин своите дресирани животни да ги вклучи во некогашната југословенска кинематографија. Потекнува од артистичко семејство, кое четири генерации наназад припитомувало животни за настапи.

- Мојот прадедо како белогардеец се досели во Србија во 1922. До 1968 моето семејство го водеше циркусот „Адрија“, а и јас сум роден во циркуски шатор - раскажува тој.

Соработувал со Орсон Велс, Моника Белучи, Џони Деп, а во 1973 глумел во „Авантура на северот“, кој според делото на Џек Лондон бил сниман на Бохинско Езеро. Особено го почитува Емир Kостурица.

- Емир е човек што ги сака и познава животните. Работев во речиси сите негови филмови, а особено сум горд на „Андерграунд“. Во една сцена слон со сурлата симнува дете од покривот на куќа. Тоа дете е мојот син Милош, кога имаше шест години - вели дресерот.

Дивиот вепар Гиле глумел во холивудски филм, во кој морал да се бори со алигатор. Ученик на Мирко е и гулабот Раде од „Монтевидео“.

- Никогаш не сум удрил животно. Бидејќи штом еднаш кренете рака, сте ја завршиле добрата комуникација. Секое животно си има условен рефлекс и во првата прилика, штом ќе се укаже можност, тоа ќе ве напушти - категоричен е дресерот.

И мисирот се поклонува пред публиката

Сирковиќ вели дека треба да се користат природните закони ако сакате животните да одиграат пред камерата с` што е предвидено. Така гулабот Радое од „Монтевидео“ заради гулабица се шетал по покривот. А многу добра финта била направена и со мисир на претставата „Госпоѓа министерка“ во која заедно со актерите на крајот на претставата и тој ~ се поклонувал на публиката. Тоа било постигнато преку една дупка на бината во која била скриена мисирка, а за да ја види, мисирот го виткал вратот.

#



Останати вести
Сурутка „митован“ за здравје и во староста
Најстарото вино е од 350 година пред Христа
Принс имал златни прачки вредни над 800.000 долари
Писмата на Александар Хамилтон на аукција во Њујорк
Збогум кариес, забите сами ќе се поправаат со лек за деменција

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести