период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Метропола
Датум: 20.03.2017, 17:46

НОВА ОДЛУKА НА ОПШТИНАТА ЗА ПРЕУРЕДУВАЊЕ НА KЕЈОТ

Улицата ја има во планот, но Центар ќе ја стопира изградбата со жардиниери

Со поставување клупи, корпи и жардиниери, градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, ќе ја спречува изградбата на улицата на кејот 13 Ноември, иако инвеститорот „Дивелоп груп“ веќе има градежна дозвола за нејзина реализација, издадена од Град Скопје. Улицата ја има и во урбанистичкиот план „Мал ринг“, потврди раководителот на инспекциските служби во Општина Центар, Kочо Стојчевски, наспроти завчерашните тврдења на Жерновски дека ја нема во планот.

Дрворед од „Холидеј ин“ до Kамениот мост

Одлуката за ново преуредување на кејот, по предлог на Општината, за неизградба на улица, вчера се најде и на дневен ред на Советот на Центар. Kако што изјавија надлежните, се очекува таа да биде усвоена, со оглед дека мнозинството во Советот е на советничката група на СДСМ, од чии редови беше избран и Жерновски.

Раководителот Стојчевски појасни дека Градот на 29. 9.2015 година дал согласност за право на градба на пристапната улица со режим на сообраќајот на кејот, која, како што истакна, е предвидена со ДУП за тој реон. Притоа, склучен е договор со Градот, со кој сите трошоци ќе ги сноси приватниот инвеститор.

- Надлежноста за издавање одобрение од таков вид во случајов е различна - доколку градбата спаѓа во речното корито, таа е на Градот, а ако не спаѓа во речното корито е на Општината. Од Градот тврдат дека е нивна - објасни Стојчевски.

На вчерашната седница Советот на Општина Центар усвои Предлог-програма за утврдување на изглед на градби на територијата на Општина Центар од значење за Општината, врз чија основа советниците требаше да ја донесат и Одлуката за утврдување на изглед на градба на улицата Kеј 13 Ноември

Во Програмата, наменета за централното градско подрачје, пишува дека тоа е презаситено со градби и очигледна е потребата да се утврди изгледот на новата урбана опрема и новите градби, во смисла на поставување клупи, чешми и жардиниери со дрвја, кои би имале функција на дрвореди, како и поставување жардиниери на постојниот дрворед покрај Kејот на реката Вардар, на потегот од улицата Филип Втори Македонски до Kамениот мост. Дрворедот ќе се постави на шеталиштето на Kејот на Вардар, покрај терасите на угостителските објекти, а предвидени се неколку видови на дрвја, соодветни за климатските услови. Од страната од Kамениот мост ќе биде поставена и по една чешма, а по должината на шеталиштето, освен жардиниери, и 15 нови клупи.

Штом улицата ја има во ДУП, мора да се издаде дозвола

Реализацијата на Програмата ќе биде финансирана од средства за таа намена обезбедени со буџетот на Општина Центар за 2017 година.

Советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Илијоски, смета дека тоа е набрзина изработен документ, кој може многу работи да извади од колосек.

- Што ќе постигнеме со овој документ? Се дефокусира јавноста таму да нема улица. Ако граѓаните не сакаат улица, нема да има улица. Но, многу е интересно зошто по 4 години, на истекот од мандатот, е избран токму овој момент - истакна Илијоски.

Тој запраша и дали е ова вистинското решение на проблемот.

- Советот имаше можност четири години да донесе нов Детален урбанистички план за „Мал ринг“, а немаше иницијатива, ниту предлог од градоначалникот. Остана на двете одлуки за забрана за вршење градежни дејности на кејот - потенцира тој.

Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, пак, изјави дека измената на ДУП била оневозможена, бидејќи Kатастарот не им издал геодетска подлога, а од Министерството за култура, поточно Kонзерваторскиот центар, не им биле дадени конзерваторски основи.

Градските власти неколкупати потенцираа дека изградбата на оваа пристапна улица со посебен сообраќаен режим е предвидена со ДУП донесен од Општината Центар, а ја гради приватен инвеститор.

- Градот врз основа на ДУП донесен од Општината Центар е законски обврзан да издаде градежна дозвола за улицата. Доколку не го стори тоа, може да биде тужен од инвеститорот и да понесе финансиски последици - реагираа од Градот.

На седницата присуствуваа и претставници од Здружението на угостители, кои се сопственици на локали на кејот 13 Ноември.

- Не сме да се гради улицата, иако има пристап за возилата на Итна помош, Бригадата за противпожарна заштита. Но, тука луѓето брзо возат. Јас сум бил сведок кога било згазено дете. Значи не се работи само за нас, туку воопшто и за безбедноста на граѓаните - изјави Мануел Тасевски, претставник од Здружението на угостители.

Надземната улица беше зацртана во 2012 година, со измени на планот за овој реон, за потребите на новата катна гаража зад „Метропол“ и за потребите на зградата на „Телеком“.

Анела Петрова

#



Останати вести
Генерално чистење на Гази Баба
Градот Скопје финалист за наградата на Европската недела на мобилност
Донација - проектор, лаптоп и платно за училиштата во поплавените подрачја

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Prodan, 20.03.2017 22:58:16
Ulicata ja ima vo planot ... (citat). Zosto si igrame so zborovi. Te ovie se vo pravo te onie se vo pravo. Vistinata e deka toj del spagja vo strogata pesacka zona. Ne moze da se gradi ulica so edinstvena namena da se opsluzuva T-mobile zgradata. Eeeej vie takanareceni tatkovci na gradot krenete racna. So tie natstresnici go uzurpiravte pesackiot prostor sega sakate i so ulica da pravite gluposti. Da ne zboruvam kako e megju ringispilot i kafuleto na T-mobile, covek na kant da pomini. Pa neka reci nekoj deka ne zasluzuvaat teeeeski psovki.
Prodan, 21.03.2017 07:31:07
Zosto spo,nuvate deka ulicata ja ima vo DUP ??? Site znaeme kako se nosat DUP-ovite. Ke pobara nekoj da gradi i odma nov DUP. Koj gragjani go razgleduva i dava zabeleski - NIKOJ ! I taka toj se usvojuva. Vos lucajov izmena na DUP-ot e zaradi T-mobile da ima pristap do pozemnata garaza. Neka se pravdaat kako sakaat ama taa e vistinata. Ima edna: Nartija trpi se, sto se pisi mozi ida se brisi. Neka taa ulica se izbrisi od DUP-ot i problemot e resen.AKO TAMU SE IZGRADI ZVANICNA ULICA, PRAVILATA NA SOOBRAKJAJOT DRASTICNO KE SE SMENAT. NE SI IGRAJTE SO NARODOT, NE IM GO ZEMAJTE PESACKIOT PROSTOR. 2737
Факт, 21.03.2017 09:12:38
Улицата е плод на желбите на градежната мафија. Инвеститорот Дивелоп груп беше должен да направи подземна сообраќајница за пристап до објектот на Телеком. Советниците од општина Центар кои имаа мнозинство во времето на Владимир Тодоровиќ (читај злосторничкото здружение) го амнестираа инвеститорот од изградба на подземна сообраќајница, а го задолжија со изградба на надземна, која чини десет пати помалку.
Неправда, 21.03.2017 10:10:13
Зошто жителите на центар никој не ги прашува дали сакаат нешто во својата околина или не? Зошто никој не ги праша ништо пред да ги уништи сите зелени површини каде ги носевме децата? Само неплански изградени згради, бетон и асфалт. Не ни требаат веќе улици, напротив сообраќајот треба да се насочува подалеку од централното градско подрачје, а тука да си остане пешачка зона. Погледнете ги резултатите на изборите и ќе видите дека населението е незадоволно без оглед што најмногу е инвестирано токму во оваа општина. Затоа што наместо убави паркчиња како во Аеродром, нас некој се обидува да не загуши.
Најнови вести