период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Спорт
Датум: 20.04.2017, 16:13

ЈУВЕНТУС Ја запре барселона во лш

Енрике: Kапата долу пред „старата дама“

На тимовите од шпанската престолнина Мадрид, Реал и Атлетико на денешната ждрепка за полуфиналните двојки од фудбалската Лига на шампионите им се придружија италијанскиот Јувентус и францускиот Монако. Полуфиналните мечеви се закажани за 2/3 мај и 9/10 истиот месец.

Шпанскиот првак Барселона немаше сили на реваншот со Јувентус да приреди уште едно фудбалско чудо откако во минатата елиминаторна рунда по поразот од ПСЖ (0-4) на „Kам Ноу“ победи со 6-1 и се избори за дуел со „старата дама“. Јувентус во овој двомеч максимално ја искористи предноста на домашниот терен во Торино во првиот меч (3-0) и ги елиминира Kаталонците со реми (0-0) на реваншот.

Јувентус ~ врати на Барселона за поразот во финалето од ЛШ во 2015 кога беше поразен во Берлин со (3-1).

Тренерот на Барселона, Луис Енрике, кој на крајот од сезоната се повлекува од клупата ја призна елиминацијата.

- Тоа е фудбалот. Сакавме да наметнеме брз ритам и да испраќаме повеќе удари кон голот на противникот, но очигледно немавме таква завршница. Ја симнувам капата долу пред Јувентус бидејќи на крајот беа подобар противник во овој двомеч. Јувентус има одличен тренер, добри играчи и с` што е потребно да ја освои Лигата на шампионите сезонава, но ќе има силна конкуренција во преостанатите полуфиналисти - вели Енрике.

На вториот меч францускиот Монако уште еднаш потврди дека е незгодна екипа. Ја совлада по вторпат Борусија Дортмунд (3-1) и со вкупни 6-3 се најде меѓу екипите што го продолжуваат патот кон финалето.

#



Останати вести
Буфон во полуфиналето го посакува Реал или Монако
Шенсои: На битолчани им ветувам дека ќе го освоиме трофејот
Гонзалес ги врати Ристовски, Јоноски и Прибак

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести