период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Хроника
Датум: 18.05.2017, 17:09

Инцидент во сендвиЧарница на кеЈот во СкопЈе

Се обидел да ја спаси колешката, па го проболе со нож во стомакот

Вработен во сендвичарницата „Kај Вили“ бил прободен со нож откако се обидел да ја спаси колешката со која биле заедно на смена кога разбојник се обидел да влезе внатре, вчера утрото во сендвичарницата „Kај Вили“ во центарот на Скопје.

Повредениот З.Б. (27) од село Црешево, завршил во болница. Ова за „Дневник“ го кажа вработена во сендвичарницата со која вчера разговаравме. Жената, која беше исплашена од инцидентот, со солзи во очите кусо ни кажа дека нејзиниот колега е во болница и оти очекува да му биде подобро.

- Инцидентот се случил околу 4.30 часот. Во ноќна смена секогаш сме по двајца вработени. Ноќва биле колегата и една колешка. Напаѓачот кој бил сам, дошол пред сендвичарницата и побарал вода. Бидејќи чашите и водата стојат од задната страна на сендвичарницата, колешката ја отворила вратата за да наполни вода. Во истиот момент и напаѓачот дошол позади и кога колешката ја отворила вратата тој ја турнал и веројатно сакал да влезе внатре. Тогаш колегата застанал пред него и се обидел да го оттргне, но напаѓачот го нападнал и му го зарил ножот во стомакот - раскажа вработената.

По нападот насилникот избегал, а за случајот веднаш била известена полицијата.

Според МВР, З.Б. бил пренесен во Ургентниот центар, а поради сериозноста на повредата, врз него ќе биде извршена хируршка интервенција. Полицијата извршила увид и го бара напаѓачот. (Д.В.)

#



Останати вести
Од обложувачница украдени 4.000 денари
Сериски крадец осуден на две и пол години затвор
Од стан во Штип украл куфер со оружје
Тинејџери претепале малолетник во автобус
Тинејџер без возачка со автомобил покосил жена на тротоар

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести