период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Сцена
Датум: 11.01.2017, 14:50

ПРВ ТЕЛЕВИЗИСKИ ПРОЕKТ ЗА РЕЖИСЕРСKОТО ДУО

Браќата Џоел и Итан Kоен ќе снимаат серија

Режисерите Џоел и Итан Kоен работат на нивната својата телевизиска серија, која ќе се вика „Баладата за Бастер Скрагс“. Браќата се автори на сценариото и самите ќе го режираат проектот, чија приказна ќе биде сместена на Дивиот Запад. Најверојатно ќе се работи за мини-серија, која се родила како идеја откако материјалот бил оценет како преамбициозен за филм. Браќата Kоен веќе имаат искуство со вестерн, бидејќи во тој жанр спаѓаат и нивните филмови „Човекот наречен храброст“ и „Нема земја за старци“. Иако ова ќе биде нивна прва оригинална серија, двајцата режисери беа извршни продуценти на серијата „Фарго“, инспирирана од нивниот истоимен филм од 1996 година.

И други холивудски имиња се вртат кон телевизијата. Така, режисерот Дејвид О. Расел подготвува серија за „Амазон“, во која главните улоги ќе ги играат Џулиен Мур и Роберт де Ниро, а телевизиски проект снима и Џулија Робертс.

#



Останати вести
Kирстен Данст се сврши со колегата Џеси Племонс
Никој не ги прашува мажите кога ќе престанат да работат
„Ако одам во Битола“ ме враќа во детството

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести