период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Економија
Датум: 20.04.2017, 16:03

Работилница за партнерство за подобра бизнис-регулатива

Претставници на микро, мали и средни претпријатија и старт ап компании беа дел од работилницата „Партнерство за подобра бизнис-регулатива“, што ја спроведува УСАИД во соработка со консултантската куќа „Епи-центар“.

- Целта ни е да ја подобриме правната и бизнис-регулатива за овие видови компании. Од претходно направената анализа ја детектиравме потребата од ваков проект за да им помогнеме на компаниите да ја подобрат правната регулатива, но и да го зајакнеме јавно-приватниот дијалог - истакна Ирена Мојсоска од Стопанската комора на Македонија.

На работилниците учесниците дискутираат за правата и обврските од Законот за работните односи и Законот за заштита при работата, правата и обврските, кои произлегуваат од законите за даночна и царинска работа, како и регулативата за животната средина и прашањата поврзани со неа.

- Досега имавме голем одѕив. Очекуваме по завршувањето на сесиите да направиме анализи од кои ќе произлезат нови или ќе има подобрување на некои решенија - рече Мојсоска.

Организаторите најавуваат до 7 јуни да се одржат 18 информативни сесии во 10 града.

Партнери во реализацијата на четиригодишниот проект се Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на северозападна Македонија и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии.

#



Останати вести
„Самсунг галакси С8“ и на македонскиот пазар
Проект за преквалификација и вработување ИТ-кадри
Турски ИТ и здравствени компании заинтересирани за инвестиции во Македонија
Во ЕУ најфалсификувани лековите, кај нас спортската опрема и чантите
5.000 туристи од Полска ќе се сончаат на охридските плажи

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести