период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Економија
Датум: 10.01.2017, 15:04

„Роснефт“ ќе управува со 12 отсто од германскиот рафинериски бизнис

Рускиот нафтен концерн „Роснефт“ веќе целосно ќе оперира самостојно со бизнисот со рафинерии во Германија.

Поделбата на заедничкото претпријатие „Рур оел“ со британскиот акционер „Бритиш петрол“ (БП) е направена пред една и пол година, објави во соопштението „Роснефт“. Руската компанија ќе создаде специјална подружница за бизнис во најголемата европска економија која ќе се вика „Роснефт Дојчланд“, пренесува Ројтерс.

Во 2011 година, Русите добија 50 отсто во „Рур оел“, најголемиот преработувач на нафта во Германија. Сега „Роснефт“ и БП ги делат инвестициите на рафинирање во Германија. На овој начин „Роснефт“ ќе држи 12 отсто од германскиот рафинериски бизнис со капацитет за пренос на 12,5 милиони тони годишно и ќе биде третата по големина компанија во секторот.

„Роснефт“ ќе стане и директен акционер во рафинеријата „Бајерноил“, зголемувајќи го удел од 12,5 на 25 отсто. Рускиот концерн ќе го зголеми и уделот во рафинеријата МиРО од сегашните 12 отсто на 24 отсто, како и учеството во трета рафинерија – ПЦK - на 54,17 од сегашните 35,42 отсто.

За својот дел во заедничкото друштво, БП ќе преземе 100 отстотна контрола над рафинеријата во Гелзенкирхен и во „ДХЦ Солвент хемие“.

#



Останати вести
Четири нови електрични локомотиви ќе сообраќаат на македонските пруги
Преку паметен телефон на интернет се поврзуваат 81 отсто од македонските корисници
За пет години во странство префрлени добивки и дивиденди вредни 1,137 милијарда евра
Над една четвртина помалку туристи лани го посетиле Истанбул
Италија заплени имот вреден 23 милиони евра од поранешни директори на „Монте деи Паши“
Тунис итно бара пазари за повеќе од 550.000 тони портокали
Kинеските девизни резерви паднаа на 3,01 билиони долари

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести