период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Свет
Датум: 20.04.2017, 15:35

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЕС НА СОСЛУШУВАЊЕ

Туск ја обвини официјална Варшава за лов на вештерки против него

Актуелниот претседател на Европскиот совет и поранешен полски премиер, Доналд Туск, истакна дека во средата бил подложен на политичко испитување пред судот во Варшава каде што беше сослушуван осум часа како сведок во истрагата за двајца поранешни началници на военото контраразузнавање. Туск беше повикан да сведочи во истрагата против двајца поранешни началници на полската Воена контраразузнавачка служба (СKВ), генералите Јануш Носек и Пјотр Пител, кои се осомничени за соработка со странски разузнавачки служби без неопходното одобрување од премиерот. Туск, кој беше полски премиер од 2007 до 2014 година, беше повикан во обвинителството во Варшава за да објасни дали како премиер дозволил таква соработка. Туск треба да даде одговори како во два наврата е воспоставена соработка со странска разузнавачка служба, конкретно со двајца агенти на руската ФСБ, која е наследничка на KГБ. Еден од осомничените тврди дека Туск бил информиран за контактите со руските тајни служби и дал соодветното овластување. Поранешниот полски премиер одби да ги открие деталите од својата изјава пред судот, но истакна дека во прв ред се појавил од почит кон полската држава.

- Целата таа афера има политички карактер. Немам сомнеж дека ова е дел од политички лов на вештерки - изјавил Доналд Туск по излегувањето од судот каде што беше испитуван зад затворени врати.

Тој во Варшава изјави дека обвинувањата против него за дела од времето додека беше премиер на Полска се дел од политичкиот лов на вештерки што го спроведува актуелната полска влада. Во изјавата за новинарите актуелниот претседател на Европскиот совет посочил и дека го информирал јавниот обвинител оти според европскиот закон има целосен имунитет и предупредил дека ќе го употреби ако смета дека истрагата е насочена за да биде спречен или за да му се забрани вршење на неговите должности.

- Се надевам дека до тоа нема да дојде, но ако се случи, нема да се двоумам да го искористам имунитетот - истакна Туск.

Актуелната полска влада на премиерката Беата Шидло, од друга страна, го обвинува Туск дека ја злоупотребува својата функција во ЕУ за да се меша во полската политика. Полска беше единствена земја што гласаше против својот кандидат за нов мандат на Туск во Европскиот совет. Туск е противник на претседателот на владејачката полска конзервативна Партија на правото и правдата (ПиС), Јарослав Kачински, а веќе беше повикан да сведочи во врска со истиот скандал кон средината на март, но тогаш не можеше да допатува во Варшава поради обврските во ЕС.

#



Останати вести
Тројца загинати во судирите со парамилициите, Мадуро ќе вооружува 400.00 радикални социјалисти

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести