период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Хроника
Датум: 16.02.2017, 16:44

МВР: Граѓаните навреме да извадат нови дозволи за оружје

Граѓаните што имаат стари дозволи за оружје ќе треба да ги заменат со нови најдоцна до 12 април годинава, информираа од МВР.

- Согласно одредбите од член 86 од Законот за оружјето („Службен весник на Република Македонија“ број 7/05, 47/06, 42/07, 86/08, 72/10, 158/11, 119/13, 164/13, 152/15, 193/15 и 55/16), рокот за замена на дозволите за поседување и носење оружје, овластувањата за носење на оружје и дозволите за поседување оружје издадени согласно Законот за набавување, поседување и носење оружје („Службен весник на СРМ“ број 25/72, 30/72, 18/76, 26/76, 15/83, 51/88 и „Службен весник на Република Македонија“ број 26/93 и 49/2003), истекува на 12.4.2017 година. До наведениот рок граѓаните и правните лица што поседуваат оружје со стари дозволи се должни да поднесат барање за нивна замена - велат од МВР.

Барањето треба да биде поднесено во МВР, Оддел за граѓански работи, Сектор за оружје, експлозивни и опасни материи, агенции за обезбедување и детективска дејност, Отсек за оружје, експлозивни и опасни материи, според место на живеење на физичкото лице, односно седиштето на правното лице.

#



Останати вести
Обдукцијата ќе покаже како починал младиот кочанец
Ученик паднал од прозорец
Очув ги силувал малолетните ќерки
Ограбена уште една обложувачница
Таткото загина, синовите повредени во пожар во Локвица
Тетовец фатен со 400 грама марихуана во автомобилот
Претепани и ограбени двајца мигранти
Плаќал бензин со лажна петстоденарка

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести