период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Во фокусот
Датум: 18.05.2017, 18:28

ВИСОKИОТ ПРЕТСТАВНИK НА СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ СО ПРИЗНАНИЕ ВО KОНГРЕСОТ

Хојт Ји не се консултирал со својот шеф Тилерсон за Македонија

Републиканскиот конгресмен Дејна Рорабакер, кој пред четири месеци скандалозно изјави дека Македонија треба да се укине како држава, завчера го обвини заменик-помошникот на државниот секретар во американскиот Стејт департмент, Хојт Брајан Ји, дека со мешањето во внатрешната политика на Македонија ја оплескале работата со помош на активностите финансирани од Џорџ Сорос и преку притисокот да се направи влада - не од мнозинството што победи на демократските избори, ами од левата политичка партија. Но во своето излагање Ји изнесе податок со кој се потврдија информациите дека во Стејт департментот не функционира една политика, односно дека нема комуникации меѓу шефот Рекс Тилерсон и пониските ешалони во департментот задолжен за надворешната политика.

Хојт Ји призна дека не разговарал со државниот секретар Рекс Тилерсон во врска со политичките насоки на новата американска администрација кон Балканот. Во истата насока Хојт Ји доби прашање од македонски новинар за време на својата последна посета во Скопје. На прашањето „Kој ја одобри вашата посета во Македонија“, во одговорот проследен со иронична насмевка американскиот претставник рече дека властите во САД ги одобруваат сите чекори на своите претставници.

- Моето име е Хојт Ји и јас сум заменик-помошник на државниот секретар за Европа. Мислам дека сите знаете дека владата на САД е сериозна организација која работи врз основните бирократски принципи, особено кога станува збор за односите со странски влади. Тие се базирани на принципот и раководителите, одговорните власти, се свесни и мора да ја одобрат работата што нивните подредени ја прават. И таков е случајот со мојата посета тука - одговори тогаш Хојт Ји.

Завчера, пак, на прашањето на конгресменот од редовите на демократите, Дејвид Силицини, дали имал можност со државниот секретар да разговара за политиката кон Балканот, тој одговори дека немал можност да дискутира.

- Не сум разговарал директно со секретарот Тилерсон за нашата политика на Балканот. Но, сепак, би сакал да ве уверам дека многу од тоа што го правиме е темелно дистрибуирано, одобрено и прегледано од високите претставници на Стејт департментот, а секако го информираме и секретарот за нашите активности и планови, особено имајќи предвид дека тој требаше да одлучи дали ќе го потпише или не протоколот за членство на Црна Гора во НАТО - рече Хојт Ји.

На ова му реплицира Силицини нагласувајќи му дека од одговорот може да се заклучи оти дискусија немало.

Поттикнување поинакви коалиции

Хојт Ји реферира пред Поткомитетот за надворешни работи на американскиот Kонгрес, но не беше уверлив за конгресменот Рорабакер.

- Дали кога во една држава се спроведени демократски избори ние (САД) велиме дека изборите се во ред, но истовремено и сугерираме што треба да направат според нас? Дали сите операции на Сорос се заради ова? Дали тоа што им даваме пари на една група луѓе или на друга, според вас, не е мешање во внатрешните работи? Тоа мене ми личи на мешање во внатрешните работи на една држава. Во Македонија една партија победи на изборите и има извештаи дека нашиот амбасадор таму поттикнувал ситуација во која во македонската Влада нема да влезе партијата што го добила мнозинството гласови, туку дека сме поттикнувале опструкции и формирање поинакви коалиции - го прашуваше Рорабакер заменик-помошникот на државниот секретар.

Искра KОРОВЕШОВСКА

#



Останати вести
Диогарди: Во Македонија по една третина се Албанци, Бугари и македонски Словени
Иванов не отстапува од кажаното - Алтхаузер шири лажни вести
Груевски: Доколку Заев мрдне од гаранциите, ВМРО-ДПМНЕ ќе реагира жестоко
Тиранската платформа е жива и ќе биде дел од владината програма

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
соичанецо, 19.05.2017 10:36:56
Државен секретар,заменик на државниот секретар па помошник на заменикот на државниот секретар,тој Брајан е токму ова третото скалило и тој задолжително мора да го извести надредениот за секое преземено дејствие во спротивно прави повреда на прописите.
Најнови вести