период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Метропола
Датум: 10.01.2017, 16:49

ПОЦ отвори преноќевалиште во гаражата „Судска палата“

Претпријатието „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ) од вчера отвори преноќевалиште за бездомни лица во катната гаража „Судска палата“, што ќе функционира за време на екстремно ниските температури.

- Тука ќе овозможиме да ја поминуваат ноќта нашите сограѓани кои сега се на улиците. Ќе им обезбедиме пакети со храна за вечера и за појадок и топли напивки. Со нив ќе има дежурни волонтери од нашите вработени во неколку смени. Ќе се обидеме да обезбедиме и медицинско лице заради нивната здравствена состојба, а ќе стапиме во контакт и со Црвениот крст. Ако треба итно да се интервенира, ќе биде повиканата и итната медицинска помош - најави вчера директорот Саша Богдановиќ.

Преноќевалиштето ќе работи според стандардните процедури за вакви пунктови, од 16 часот попладне до 10 часот наутро. Во него ќе може да се сместат максимум 10 лица, а секое лице мора да се евидентира во дневникот за евиденција на преноќевалиштето. Забранета е употреба на алкохолни пијалаци.

- Македонија ја зафати голем студ и повторно се најавуваат температури од минус 20 степени во Скопје. Ние во една ваква ситуација како јавно претпријатие и како Општина Центар ќе се обидеме со с` што можеме да им помогнеме - потенцира Богдановиќ.

#



Останати вести
Продолжува чистењето на снегот
Мичуринска средба за Василица
Со мобилен плаќаат билет само корисниците на „Телеком“, наскоро и тие на „Вип“

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести