период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Спорт
Датум: 10.01.2017, 16:07

Дејвис го предводеше Њу Орлеанс за триумф над Њујорк

Со 40 постигнати поени и 18 скока Ентони Дејвис го предводеше Њу Орлеанс до гостинската победа над Њујорк во кошаркарската НБА-лига. Триумфот за „пеликанс“ е значаен во борбата за пласман во плејофот.

Расел Вестбрук беше на чекор до нов трипл дабл, тој ја предводеше Оклахома до победата над Чикаго 109-94. Рас мечот го заврши со 21 поен, 9 скока и 14 асистенции. На спротивната страна во таборот на Чикаго, Двејн Вејд постигна 22 поена, но целосно потфрли Џими Батлер, кој постигна само еден поен.

Минесота славеше над Далас 101-92 благодарение на Kарл-Ентони Таунс, кој мечот го заврши со 34 поени, 11 скока, 4 асистенции и 3 блокади. Поранешниот играч на Голден стејт, Херисон Барнс, со 30 поени го предводеше Далас во чии редови ветеранот Дирк Новицки постигна 26 поени.

Резултати: Њујорк – Њу Орленс 96-110, Чикаго – Оклахома 94-109, Минесота – Далас 101-92.

Пласман Западна конференција: Голден стејт 32-6 (победи-порази), Сан Антонио 30-7, Хјустон 30-9, ЛА клиперс 26-14, Мемфис 24-16, Јута 23-16, Оклахома сити 23-16, Портланд 16-23,...

Пласман Источна конференција: Kливленд 28-8 (победи-порази), Торонто 24-13, Бостон 23-14, Атланта 21-16, Индијана 20-18, Шарлот 20-18, Чикаго 19-19, Милвоки 18-18, Вашингтон 18-18...  

#



Останати вести
Црвена звезда го задржа максималниот ефект во АБА-лигата
Гонзалес ги почна подготовките на Вардар со десетмина ракометари
ФИФА изгласа завршница на СП со 48 репрезентации од 2026 година
Јотовски игра со Хочевар во Мајами
Пелистер го договори и Ѓорѓи Мојсов
Вардар во стројот со новакот Демири, Шкендија со тренерот Брдариќ
Роналдо: Зад мене е најсреќната година во кариерата
Ангеловски и Пандев „петките“ ги доделија за Роналдо
Шпанија фаворит, Македонија ќе бие битка за втората фаза

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести