период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Актуелно
Датум: 18.05.2017, 18:23

успеШно завршени преговори

Рама и Баша се договорија - избори на 25 јуни?

Неколку часа по постигнувањето договор за излез од неколкумесечната криза, албанскиот премиер Еди Рама и лидерот на опозицијата Љуљзим Баша вчера повторно се сретнаа и повеќе од пет часа разговараа за деталите од постигнатиот договор. Тие од средбата излегоа без да соопштат нешто за медиумите и владејачката Социјалистичка и опозициската Демократска партија закажаа средби со парламентарните групи.

Неколку неименувани извори за албанската телевизија „Топ-ченел“ потврдиле дека 25 јуни е денот кога ќе се одржат парламентарните избори, што е исполнување на едно од главните барања на Рама да нема одложување подоцна од јуни. Истовремено, весникот „Шќиптарја“, повикувајќи се на свои извори, пренесе дека не е договорен датум за изборите. Датумот излезе најголемиот проблем што требаше да се надмине.

Албанските политички партии постигнаа компромис по интензивното посредување од страна на американскиот заменик-помошник државен секретар Хојт Брајан Ји. Тој во понеделникот им даде предлог од европските пратеници како база за преговорите. Двајцата лидери најавија дека деталите од спогодбата ќе бидат дефинирани за 24 часа.

- Имаме договор базиран на пакетот „Мекалистер плус“, кој е предложен од САД. Деталите ќе бидат изнесени во следните 24 часа - изјави Баша доцна во средата.

Рама изјави дека 100 отсто се согласува со она што го кажал лидерот на опозицијата. Никој од нив не кажа детали за датумот на кој ќе се одржат изборите, а она што го привлече вниманието беше тоа што двајцата политичари пред да се разделат се ракуваа, што е реткост кај албанските политичари.

Изготвувачот на пакетот, Дејвид Мекалистер, го поздрави постигнатиот договор.

- Со голема радост овој голем напор на ЕУ и САД за ставање крај на политичката криза во Албанија резултира со успех. Главната порака е дека стабилно решение може да има кога владата и опозицијата бараат директен дијалог - напиша тој на својот профил на „Фејсбук“.

По Мекалистер, европратеникот Kнут Флекенштајн, кој беше многу активен во преговорите, исто така им честита на албанските политичари за постигнатиот договор.

- Среќен сум што можев да придонесам заедно со американскиот пријател Мекалистер - напиша Флекенштајн на „Твитер“.

#



Останати вести
Јунска трка за 35.000 места
Илиевски: Евтин обид една несреќа да се прикаже како мое злодело
Нема притвор за Kочан, судот прифати кауција од 875.298 евра
Борисов: Со новите колеги ќе направиме европски план за Македонија
Судењето за насилството во парламентот одложено за 23 мај
СДСМ и Беса не сакаат да слушнат за амнестија, другите молчат
Ахмети бара осум, Заев дава пет министерства

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести